Европа
Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен четврти бран.
Штрек предупредува дека и покрај намалувањето на бројот на заразени, и натаму не може да се прогласи победа над пандемијата.
Во изјава за неделникот „Фокус“ тој посочува дека наесен би можело да има и четврти пандемиски бран, односно дека е неопходно рационално да се искористи времето што преостанува за да се извлече максимум од структурите и процесите против ширењето на вирусот.
Тој верува дека летото, во однос на епидемиолошката состојба, ќе помине добро, но очекува ново зголемување на инфекцијата од септември.
Вирологот посочува дека клучот за решение е вакцинација на што поголем дел од популацијата.
„Имаме толку многу вакцини што веќе се поставува прашањето дали ќе донираме барем дел“, додаде Штрек.
Германскиот виролог исто така стравува дека вакцинираните лица може да ги заразат оние што се невакцинирани.
„Неодамна имавме случај на вакциниран лекар кој развил големо количество од вирусот во грлото и го заразил семејството. Можеби станува збор за индивидуален случај, но ваквата ситуација мора да се следи“, предупреди Штрек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум „РИА новости“ повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности не само во деловните кругови туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Француската полиција извлече пијан патник од авион: „Тој почна општа тепачка“

Во четвртокот имаше вистински хаос на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Жирона, Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откога пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот предизвикувајќи општа тепачка.
Според сведоците, инцидентот почнал кога пијан маж почнал да вика „сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој одговорил со плукање и удирање. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.
„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел и со другите. Потоа почнала голема тепачка со мажите што се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.
@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun
Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника.
„Почнаа да се тепаат на средина од авионот. Траеше 30-ина минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со дел од безбедносниот појас.
„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика ‘морам да одам, другар’, но потоа седна. На средина од летот почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.
Sécurité aérienne : un vol Ryanair, qui effectuait la liaison entre l’Angleterre et l’Espagne, a été dérouté en urgence vers l’aéroport de Toulouse à cause d’un passager britannique, ivre, qui a tenté d’ouvrir une porte de secours en plein vol, provoquant la panique parmi les… pic.twitter.com/eoxbBmpbtu
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 6, 2025
„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го собори ако продолжи и го турна на земјата“. По слетувањето во Тулуз, човекот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и беше симнат од авионот. Летот потоа продолжи за Жирона, а авионот слета со речиси два часа задоцнување.
фото: принтскрин
Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин