Европа
Германски епидемиолог: Ги олеснивме мерките, но бројот на заразени почна да расте

Заразата со коронавирус експоненцијално расте во Германија, изјави Дирк Брокман, експерт на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, наведувајќи дека ризикот од вакцината на „Астра зенека“ е релативно низок.
Од денес бројот на заразени е 83,7 на 100.000 жители неделно, што е зголемување во споредба со 68 пред една недела, соопштија од Институтот додавајќи дека бројот може да достигне 200 до средината на следниот месец, пренесува „Ројтерс“.
„Ние сме точно на крилото на третиот бран на пандемијата на Ковид-19. Тоа веќе не може да се оспорува. И во моментот ги олеснивме ограничувањата и тоа го забрза експоненцијалниот раст“, рече Брокман за германската телевизија АРД.
Германската канцеларка Ангела Меркел и државните лидери се договорија овој месец за фазно ублажување на ограничувањата и итни акции ако три дена по ред бројот на заразени надмине 100 на 100.000 жители.
Вчера, Германија ја суспендира употребата на вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19, со што стана последната во низата од неколку европски земји што ја прекинаа вакцината по извештаите за нарушувања на коагулацијата на крвта кај некои пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романија усвои закон за соборување на беспилотни летала поради упадот на дронови во земјата

Романскиот Сенат го усвои „законот за беспилотни летала“, предлог-закон со кој се регулира мирното спроведување на воените мисии и операции на територијата на Романија кога нема војна. Според „Романија Журнал“, имало 81 глас „за“, 12 „против“ и два воздржани.
Според нормативниот акт, одредени структури на романската армија, во зависност од оперативните потреби, ќе можат привремено да бидат префрлени под различни нивоа на овластување во однос на командантот на странските вооружени сили кои спроведуваат воена операција на територијата на романската држава.
Во предлог-законот се прецизира дека беспилотното летало кое илегално ја минува романската граница и лета без дозвола може да биде неутрализирано, па дури и уништено. „Авион без пилот кој илегално ја преминува романската државна граница и лета во националниот воздушен простор без дозвола може да биде уништен, неутрализиран или може да се преземе контролата“.
Сега останува на властите да одлучат кој ќе има право да донесе одлука за соборување на овие дронови, пишува „Романија Журнал“.
Европа
Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се подготвува да се сретне со Доналд Трамп.
Како што јави Би-Би-Си, на летот за Вашингтон, Стармер рече дека се надева оти односите меѓу Обединетото Кралство и САД ќе продолжат да се подобруваат. Тој посочи дека се уште траат дискусиите за можното испраќање британски војници во Украина, но повторно ја истакна важноста на таканаречената американска „поддршка во позадина“.
„Токму каква би била таа конфигурација, што точно подразбира таа поддршка, очигледно е предмет на интензивна дебата, но не сакам да одам премногу пред тоа, освен да бидам многу јасен за принципите“, рече тој.
Спротивно на тоа, Трамп рече дека нема да обезбеди безбедносни гаранции. „Нема да дадам безбедносни гаранции освен многу ограничени. Тоа ќе го направи Европа бидејќи зборуваме за Европа како сосед“.
Трамп додаде дека очекуваниот договор меѓу Вашингтон и Киев за пристап до украинските минерали функционира „одлично“ за Украина бидејќи ќе ги донесе САД во Украина. „Ние ќе бидеме на нејзино тло и така ќе има автоматско обезбедување затоа што никој нема да посегне по нашиот народ“.
Сè уште не е познато колкава безбедносна поддршка бараат европските лидери од САД, ниту пак е познат степенот на каква било американска воена инволвираност во Украина поврзана со договорот за минерали.
Стармер изјави дека на Украина и треба траен мир, а не прекин на огнот. „Размислувам како да го зачувам мирот во Европа и како да постигнеме траен мир во Украина“.
„Токму што значи тоа, како тоа ќе изгледа, очигледно е предмет на интензивна дебата. Ние ќе го направиме нашиот дел и јасно ставив до знаење дека ќе ни треба некаква американска поддршка. Мојата загриженост е дека ако има прекин на огнот без нивна поддршка, тоа едноставно ќе му даде на Путин можност да почека и да нападне повторно, бидејќи неговата амбиција околу Украина е сосема очигледна, мислам дека тоа им е јасно на сите“.
По посетата на британскиот премиер, Трамп ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Европа
Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.
Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.
Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Донецк.