Контакт

Свет

Германски тинејџери под истрага за пеење антисемитски песни по посетата на Бухенвалд

Објавено пред

Екскурзијата во логорот на смртта во Бухенвалд имала мало влијание врз група германски тинејџери кои не гледале ништо лошо во тоа да играат и да пеат антисемитски песни на место каде што умреле над 56.000 затвореници за време на Втората светска војна, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Тројца 14-годишни ученици пуштале песни на телефон и пееле заедно во автобус додека нивниот клас се враќал од посетата на меморијалниот центар во Бухенвалд, кој се наоѓа источно од Дрезден.

Приказната се најде на насловните страници во локалните медиуми кусо време откако наставниците го пријавиле случајот во полиција и била покрената истрага за поттикнување омраза. Инцидентот вознемири многумина со оглед на озлогласеноста на локацијата.

Раководен од екипите на смртта на СС, Бухенвалд примил над 280.000 затвореници во екот на прогонот. Освен Евреите од сите страни на Европа и СССР, меѓу уапсените имало и Полјаци и Роми, како и советски воени затвореници.

Бухенвалд не бил голем како Аушвиц, кој е познат по своите гасни комори, но маките на затворениците биле исти. Некои затвореници биле подложени на брзи егзекуции со бесење или распнување, додека други умреле во медицински експерименти или биле застрелани од стражарите на СС.

До периодот кога американската армија го ослободи кампот во 1945 година, вкупно 56.545 луѓе, речиси секој четврти затвореник  умрел таму. По војната, Бухенвалд бил зачуван како меморијал. Училиштето во кое учат тинејџерите, именувано по познатиот германски антрополог Тео Кох, е добитник на бројни награди за спрелување на екстремизмот, пишува „Ди велт“. Институтот организира и четиримесечен специјален курс за нацизмот, чија ефективност сега е доведена во прашање.

Антисемитските инциденти се зголемија за речиси 20 отсто меѓу 2017 и 2018 година, а бројот на забележани насилни напади е речиси двојно зголемен  според податоците на Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме, комесарот за антисемитизам во германската влада, Феликс Клајн, рече дека не може да им препорача на Евреите да носат кипа насекаде во Германија во кое било време. Забелешката беше критикувана од израелскиот претседател Рувен Ривлин заради, како што рече тој, капитулацијата на антисемитизмот.

Свет

Зеленски: Нашите преговарачи утре ќе имаат средба со американскиот тим

Објавено пред

Од

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека украинските преговарачи утре ќе се сретнат со американската делегација, пренесува Sky News.

dobivaj vesti na viber

Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници.

Темите на дискусија ќе бидат „пакетот за просперитет“ и економската соработка.

Зеленски додаде и дека се во тек подготовки за нов трилатерален состанок со Русија, за кој Киев се надева дека ќе се одржи на почетокот на март.

 

фото/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Бил Гејтс им се извини на вработените во фондацијата поради своите врски со Епстин

Објавено пред

Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата Гејтс за неговите врски со Џефри Епстин. Тој призна грешки што ја оцрнија добротворната организација, но инсистираше дека немал никаква улога во злосторствата на Епстин, објави The Wall Street Journal.

dobivaj vesti na viber

На состанокот вчера, коосновачот на „Мајкрософт“ призна дека имал две афери со руски жени за кои Епстин подоцна дознал, но нагласи дека во нив не биле вклучени жртвите на Епстин. „Не направив ништо нелегално. Не видов ништо нелегално“, рече Гејтс, според снимка што ја преслушал The Wall Street Journal.

Гејтс, исто така, коментираше за фотографиите од неодамна објавените документи на Епстин на кои е прикажан со жени чии лица беа заматени. Тој тврди дека Епстин го замолил да се фотографира со неговите асистентки по состаноците. „Да бидеме јасни, никогаш не поминував време со жртвите, жените во неговиот круг“, рече тој.

„Беше огромна грешка да поминувам време со Епстин“ и да го доведам раководството на Фондацијата Гејтс на состаноци со сексуален престапник, рече тој. „Им се извинувам на сите што беа вклучени во ова за грешката што ја направив“.

Милијардерот откри дека неговите состаноци со Епстин започнале во 2011 година, години откако Епстин се изјасни за виновен во 2008 година за подведување малолетничка. Гејтс рече дека бил свесен за „некаква 18-месечна наредба“ со која се ограничува патувањето на Епстин, но дека не направил доволно проверки на неговото биографија.

Тој продолжи да ги одржува состаноците дури и откако неговата тогашна сопруга, Мелинда Френч Гејтс, изрази загриженост во 2013 година.

„Според она што го знам сега, сè е, знаете, сто пати полошо, не само поради неговите претходни злосторства, туку сега е јасно дека ова беше континуиран модел на лошо однесување“, им рече Гејтс на персоналот.

Тој додаде за својата поранешна сопруга: „Морам да ѝ оддам признание, таа секогаш беше доста сомничава во врска со целата работа со Епстин“. Гејтс вчера им кажа на вработените дека продолжил да се среќава со Епстин до 2014 година, летајќи со него во приватен авион и поминувајќи време во Германија, Франција, Њујорк и Вашингтон. „Никогаш не спиев кај него“, рече тој, ниту го посетил островот на Епстин.

Тој рече дека Епстин „зборувал за своите блиски односи со многу милијардери, особено милијардери од Волстрит“ и го уверил дека може да помогне во собирањето пари за каузи како што е глобалното здравство. Гејтс додаде дека присуството на други истакнати луѓе на тие состаноци помогнало „да се чувствува нормално“.

Тој призна дека разбира оти неговата поврзаност со Епстин му помогнала на осудениот сексуален престапник да го подобри својот углед. Исто така Гејтс призна дека неговата поврзаност со Епстин и неодамна објавените е-пораки од документите на Министерството за правда фрлиле сенка врз Фондацијата Гејтс и нејзиниот углед.

„Тоа е целосно неконзистентно со вредностите и целите на Фондацијата“, рече тој. „А нашата работа е многу чувствителна на угледот. Луѓето можат да изберат дали да работат со нас или не“. Портпарол на Фондацијата Гејтс рече дека Гејтс одржува вакви состаноци со вработените двапати годишно и дека „зборувал отворено, одговарал на неколку прашања детално и ја преземал одговорноста за своите постапки“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД

Објавено пред

Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.

Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.

„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија1 час

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија1 час

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија1 час

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија1 час

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија2 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија2 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија2 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија3 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа4 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет5 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет5 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет5 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет5 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија19 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија21 час

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ23 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија24 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија1 ден

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...