Свет
Германците со пензии помали од 836 евра ќе примаат социјална помош
Речиси секоја втора пензија во Германија е помала од 800 евра месечно, а повеќето од пензиите се под границата од 1.000 евра, се вели во извештајот на Министерството за труд, објавен неодамна.
„48 отсто од пензиите се помали од 800, а 62 отсто од 1.000 евра“, велат од германското Министерството за труд како одговор на барање од пратеничката група составена од партиите од левицата.
Државното пензиско осигурување во исто време истакна дека ова не е вистинска слика за висината на пензиите во Геманија бидејќи многу корисници на минимални пензии се лица што со години како самостојни претприемачи го уплаќале најнискиот износ од пензиското осигурување, како и лица што краток временски период уплаќале во пензискиот фонд.
Најголемиот дел се пензионери со најниски пензии, поточно 64 отсто од нив се жени.
„Овие податоци се алармантни“, рече Сабине Цимерман, претставник од левичарските партии за агенцијата АФП. Министерот за труд, Хубертус Хајл (СПД), денеска треба да го презентира својот пензиски концепт чија цел е да се намали сиромаштијата кај старото население. Според овој концепт, лицата чиј вкупен месечен приход не надминува 836 евра ќе имаат право на социјална помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

