Свет
Гинцбург: Вакцината „спутник В“ ефикасна и за животните
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/Gincburg.jpg)
Вакцината „спутник В“ исто така може добро да ги заштити животните од коронавирусот, изјави директорот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Тој истакна дека сè уште има приоритети во однос на вакцинацијата.
„Убеден сум дека ‘спутник В’ добро ќе ги заштити животните, но прво мора да ги вакцинираме луѓето“, рече Гинцбург.
Тој забележа дека е потребно да се вакцинираат животните не само за да се заштитат туку и да се запре циркулацијата на вирусот помеѓу нив и луѓето.
„’Спутник В’ беше тестиран на животни во центарот ‘Гамалеја’ и врз нив беа извршени сите претклинички тестови, па со сигурност можеме да кажеме дека дејствува. Вакцината направена специјално за животни е многу поевтина од вакцината за луѓе“, нагласи Гинцбург.
Вакцината „спутник В“ е регистрирана во речиси 60 земји со вкупно население од приближно три милијарди луѓе. Ефикасноста на препаратот е 91,6 процент, што беше потврдено во списанието „Лансет“, едно од најстарите и најценети медицински списанија во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.