Свет
Главниот советник на „Роскосмос“, Сафронов, обвинет за велепредавство

Истрагата официјално го обвини советникот на шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“ и поранешен новинар на весниците „Комерсант“ и „Ведомости“, Иван Сафронов, за велепредавство, изјави за ТАСС бранителот на Сафронов, Иван Павлов.
„Мојот клиент беше обвинет по член 275 од рускиот Кривичен законик (велепредавство). Тој се изјасни за невин“, изјави адвокатот.
Сафронов беше приведен од страна на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 7 јули под сомнение за предавство. Московскиот суд Лефортово го смести во притвор до 6 септември. На Сафронов му се заканува затворска казна до 20 години ако биде прогласен за виновен.
ФСБ вели дека Сафронов бил регрутиран во 2012 година, а во 2017 година на чешките разузнавачки агенции им доставувал информации за руските испораки на оружје на Блискиот Исток и во Африка. Информациите подоцна беа предадени на американските разузнавачи.
Сафронов работел за весникот „Комерсант“ до мај 2019 година, а во јули 2019 година се вработил во „Ведомости“. Тој беше вработен како советник на „Роскосмос“ на 18 јуни 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ви благодарам, претседателе Путин

Американскиот претседател денес на својот профил на социјалната мрежа Truth Social се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, кој им се придружи на светските лидери во изразувањето поддршка за мировниот план на Доналд Трамп за Газа.
„Ви благодарам, претседателе Путин“, напиша Трамп на Truth Social.
Путин, како потсетување, денес изјави дека Трамп „прави многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир.
Доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“, рече Путин.
фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху го критикуваше Нобеловиот комитет оти не му ја додели наградата на Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше на одлуката на Комитетот за Нобелова награда да не му ја додели овогодишната награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Наградата наместо тоа ѝ припадна на лидерката на венецуелската опозиција и застапничка за демократија, Марија Корина Мачадо.
„Нобеловиот комитет зборува за мир, претседателот Доналд Трамп го овозможува тоа“, се вели на официјалниот профил на израелскиот премиер на платформата Икс.
„Фактите зборуваат сами за себе, претседателот Трамп го заслужува тоа“, се додава во објавата.
Give @realDonaldTrump the Nobel Peace Prize – he deserves it! 🏅 pic.twitter.com/Hbuc7kmPt1
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 9, 2025
Реакцијата доаѓа еден ден откако истиот профил сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на социјалните мрежи на која Нетанјаху му ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп.
фото: принтскрин
Свет
Путин го пофали Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин им се придружи на светските лидери во изразувањето поддршка за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Путин рече дека можеби има потреба Русија да се вклучи во процесот бидејќи има доверливи односи со арапските земји, особено со Палестинците.
Тој нагласи дека Трамп „прави многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали американскиот претседател заслужува Нобелова награда за мир.
Доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“, рече Путин.
Многу коментатори веруваат дека Путин намерно го пофалил Трамп за да го погоди неговото его и да го охрабри Вашингтон да заземе поповолен пристап кон војната во Украина за Москва.
фото: принтскрин