Свет
Гладков: Украинската армија лансира речиси 50 гранати во регионот Белгород
Украинската армија во изминатите 24 часа лансира речиси 50 гранати на пограничните области на Белгородската област, едно лице загина, а пет се повредени, објави денеска на својот телеграм-канал Вјачеслав Гладков, шефот на тој руски регион на границата со Украина.
Гладков на својот канал на „Телеграм“ изјави дека на 4 август биле лансирани 47 гранати врз пет погранични окрузи во регионот на Белгород, а биле забележани и 17 напади со беспилотни летала.
Една жена загина при напад на украински дрон врз станбена зграда, а пет лица се повредени, пренесува „РИА новости“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Њујорк Тајмс: Харис потроши 20 пати повеќе пари на реклами од Трамп за време на дебатната недела
Американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис потроши 20 пати повеќе пари за рекламирање на социјалните мрежи отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на дебатната недела, објави денеска Њујорк Тајмс.
Харис наводно потрошила 12,2 милиони долари на рекламирање на Фејсбук и Инстаграм за време на дебатната недела, додека Трамп потрошил нешто повеќе од 611.000 долари.
Претседателската дебата се одржа на телевизијата ABC на 10 септември, а Трамп, иако го оцени својот настап како „најдобар досега“, одби да учествува на следната.
Свет
Хезболах лансира ракети врз северен Израел
Хезболах лансира 140 ракети кон северниот дел на Израел, само еден ден откако лидерот на екстремистичката група, Хасан Насрала, најави одмазда за серијата експлозии во Либан во последните три дена.
Израелската армија објави дека ракетите паднале во три брана во петокот попладне, а цел биле места по должината на разурнатата граница со Либан, пренесува „Јутарњи“.
Хезболах соопшти дека цели биле неколку места по должината на границата со ракетите „Катјуша“, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана, како и штабот на израелската оклопна бригада, која, според нив, била првиот погоден, пренесува „Н1 Загреб“.
Хезболах рече дека ракетите биле како одмазда за израелските напади врз села и домови во јужен Либан.
Свет
Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан
Потпретседателката на САД, Камала Харис, изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом.
„Ако некој упадне во мојата куќа, ќе биде застрелан“, рече Харис, гостинка на Опра Винфри.
„Веројатно не требаше да го кажам тоа, но мојот персонал подоцна ќе се справи со тоа“, додаде таа и се насмеа. Харис, која потврди дека поседува пиштол за време на неодамнешната претседателска дебата, ја повтори својата поддршка за забраната на автоматските пушки.
„Огненото оружје од овој тип е буквално дизајнирано да биде воено средство. За него нема место на улиците на граѓанското општество“, нагласи таа.
Рече дека е поддржувач на американскиот втор амандман, кој го штити правото на поседување оружје, но се осврна и на американскиот проблем со престрелките во училиштата.
Таа предупреди дека е вознемирувачко што децата мораат да поминат вежби за да се подготват за вакви инциденти. „Не мора да биде така“, убедена е таа. По едно од најновите масовни престрелки во САД, 14-годишно момче е обвинето за убиство на четири лица во средно училиште во Џорџија.
„Поседувам пиштол веројатно од истата причина како и многумина што го имаат – за лична безбедност. Бев обвинител“, рекла Харис во 2019 година, според Би-би-си.
За време на минатонеделната дебата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп таа ги негира обвинувањата на Трамп дека „ќе им го одземе пиштолот на сите“ доколку биде избрана во Белата куќа.
Трамп поседуваше и три пиштоли, но мораше да предаде два од нив и да се соочи со ограничувања за третиот откога беше обвинет.