Свет
Глечер на Монблан само што не се распаднал, итно се евакуира населението

Дел на глечерот Грандес Џoрасес во италијанскиот дел од масивот Монблан, само што не се распаднал поради топлината поради што почна евакуација на десетици жители и туристи, објавија локалните власти.
Речиси 500.000 кубни метри мраз се одвоиле од глечерот Планпинкикс во областа Курмајер, се наведува во соопштението од општината во регионот Вал д’Аоста, кој граничи со Франција.
Властите се загрижени поради високите температури.
Неколку патишта што водат кон долината Вал Ферет се затворени. Властите наредија евакуација на 30-ина куќи во црвената зона во долниот дел на Вал Ферет.
Од полицијата и цивилната заштита од утрово спроведуваат операции за евакуација и безбедност, а локалните власти се загрижени за високите температури наредните три дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.
Свет
Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за напредок од двете страни, соопшти Кремљ. Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се зближи со рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири Украина и европските сојузници.
„Ние сме на почетокот на патот кон обновувањето на нашите билатерални односи. Патот пред нас е прилично долг и тежок, но барем двајцата претседатели изразија политичка волја во таа насока“, истакна гласноговорникот на Кремљ, Димитриј Песков.
Песков рече дека е важно да се утврди дали Украина навистина сака мир или не. Украина утре во Саудиска Арабија треба да одржи дипломатски разговори со САД за завршување на војната со Русија.
Тоа ќе биде прва средба меѓу украински и американски претставници по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа на крајот на февруари кога се судри со Доналд Трамп, анализираат медиумите.
Зеленски во понеделникот рече дека е подготвен да седне на преговарачка маса што е можно побргу и бара гаранции од САД и Европа за безбедноста на неговата земја.
Украина сака мир и Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, објави тој на „Телеграм“. „Украина сака мир од првата секунда од војната и секогаш сме велеле дека единствената причина поради која војната продолжува е Русија“.
Свет
(Видео) Катастрофа во Аргентина: 16 загинати во поплави, наредена итна евакуација

Најмалку 16 лица загинаа во поплавите што ги погодија источниот брег и градот Баја Бланка, Аргентина, соопштија властите.
🚨🇦🇷 UPDATE | Bahia Blanca Flood Disaster (Argentina)
.16 Dead, Military Deployed as Floods Ravage Bahia Blanca.
.Torrential rains (400mm in hours) cause catastrophic flooding in southern Buenos Aires province.
.Argentine military assisting in disaster relief. https://t.co/EjSEM7rZE0 pic.twitter.com/waQMzp2Uu9— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 9, 2025
Aftermath: Bahia Blanca, Argentina 🇦🇷 https://t.co/7yavqAvTlQ pic.twitter.com/3IMb89yHyi
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 9, 2025
Поплавите се предизвикани од обилните дождови што паѓаат од петокот, а властите велат дека трагаат по десетици исчезнати лица, пренесува АП.