Свет
Голем број авиокомпании воведуваат задолжително носење маска во авион
Некои големи авиокомпании бараат патниците да носат маски за лице за да го ограничат ширењето на коронавирусот.
Некои големи американски авиокомпании усвоија нови здравствени и безбедносни правила за патниците и кабинскиот екипаж, а и други авиокомпании ширум светот воведуваат задолжително носење маски, пренесува Би-би-си.
Иако околу 90 проценти од меѓународните летови се откажани, авиокомпаниите се надеваат дека постепено ќе ги обновуваат летовите почнувајќи овој месец.
Американската авиокомпанија „Делта“ објави дека патниците мора да носат маска во текот на целиот лет, а „Американ ерлајнс“ и „Јунајтед“ исто така најавија дека ќе бараат патниците и кабинскиот екипаж да носат маски.
„Ние се грижиме за благосостојбата на нашите корисници, да им овозможиме безбедно патување со нас“, рече портпаролот на „Американ ерлајнс“, додека портпаролката на „Јунајтед ерлајнс“ забележа дека маските на патниците ќе им бидат дадени бесплатно.
Сепак, маските за лице не ги бараат сите авиокомпании. Така, австралискиот „Кантас“ објави дека во Австралија не постои барање за носење маски.
Владата или авиокомпаниите не донеле никакви одлуки околу мерките што ќе бидат преземени за патувањата по укинувањето на ограничувањата.
Австралискиот национален превозник на својата веб-страница изјави дека иако ризикот од внесување коронавирус во авион се смета за низок, социјалното растојание ќе се почитува на сите летови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

