Свет
Голем пожар во Ирак, во ковид-болница загинаа десет лица
Најмалку десет лица загинаа, а 30 се повредени во пожар што ја зафати ковид-болницата во југоисточен Багдад.
Пожарот во болницата Ибн Катиб во областа мост Диал во ирачката престолнина најверојатно е предизвикан од експлозија на резервоар за кислород, пренесува Ројтерс.
Голем број амбуланти се движат кон болницата, носејќи ги повредените од пожарот, објавија фоторепортерите на Ројтерс кои беа во близина на местото на несреќата.
Другите пациенти од болницата биле префрлени во друга здравствена установа, соопштија медицински извори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Курти: Единствено решение се нови избори
Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.
Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.
„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.
Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.
Свет
Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години
Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.
На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“
Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.
Регион
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија.
Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци.
Диела, која беше именувана во мај 2025 година, е првата виртуелна министерка во светот создадена со помош на вештачка интелигенција. Нејзината задача е да ја следи законитоста и транспарентноста на државните тендери и да спречи корупција, со користење алгоритми што одлучуваат без човечко влијание.
Рама ја опиша иницијативата како чекор кон „целосно транспарентна и безкорупциска“ администрација, а метафората за „трудна министерка“ симболично го претставува ширењето на вештачката интелигенција во повеќе сектори на управувањето во Тирана.

