Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави „Укренерго“ на „Телеграм“. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика, Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камијаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Днепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Ако Путин го прекине бомбардирањето, мировните преговори може да почнат следниот ден
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.
Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).
Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.
– Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече таа.
Регион
(Видео) „Мислевме дека е мачка“: се огласи момчето кое најде бебе во канта за ѓубре во Загреб
Синоќа во Запрешич во Загреб во канта за ѓубре било пронајдено новороденче.
„Се враќавме од тренинг и слушнавме плачење. Застанавме и мислевме дека е куче или мачка и некој ги фрлил. После тоа, пријателот собра храброст и погледна во кантата. Виде бебе со крвава глава завиткано во крпа“, изјави М.Ј, момче кое во понеделникот вечерта во Загреб заедно со другарот пронашле новороденче во канта за ѓубре.
View this post on Instagram
„Кога другар ми рече дека бебето е внатре, бев во шок, не можев ни да погледнам, веднаш се јавив на 112. Госпоѓата која одговори не праша дали можеме да го извадиме бебето од канта. Бебето сепак беше внатре додека не дојде брзата помош“, вели момчето.
Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност.
Свет
Зeленски: Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави каква е ситуацијата на фронтот.
„Олександар Сирски извести за состојбите во областите на борбените операции. Регионот Доњецк, регионот Харков – каде што е најтешко сега. Тој е на клучните места – работи со бригади, на борбени позиции. Се уште е рано да се носат заклучоци, но ситуацијата е под контрола“, рече Зеленски и додаде:
„Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува. Сè е доволно стресно. Но, ги зајакнавме насоките, особено Харков. Сега многу војници, особено жителите на Харков дојдоа во одбрана на регионот Харков, благодарност до сите за нивната ефикасност“, додаде претседателот на Украина.