Контакт

Свет

Голем шумски пожар во Јужна Кореја, едно лице загина

Објавено пред

Повеќе илјади пожарникари и војници се обидуваат денес да ги стават под контрола шумските пожари во Јужна Кореја во кои едно лице загина, а повеќе од 4.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, објави владата на Јужна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Пожарите избувнаа минатата ноќ во источната провинција Гангвон и ги зафатија градовите Сокчо и Гангнунг, изгореа околу 525 хектари и околу 198 куќи, магацини и други објекти, додаде владата.

Околу 2.263 граѓани беа евакуирани во гимназии и училишни објекти, додека 52 училишта беа затворени, според „Ројтерс“.

Пожарот во областа Сокчо е под контрола, додека во регионот Гангнунг околу 50 отсто од пожарот е под контрола, додаде владата.

Претседателот Мун Џе-ин нареди да се искористат сите расположливи средства за гасење на шумските пожари, соопшти кабинетот на претседателот.

Околу 872 пожарникари и 3.251 пожарникари од сите делови на земјата се обидуваат да го запрат пожарот, соопшти Националната противпожарна бригада.

Министерството за одбрана соопшти дека на теренот биле испратени околу 16.500 војници, 32 воени хеликоптери и 26 камиони војска за гасење на пожарот, како и дека планира да обезбеди оброци за 6.800 лица.

Свет

На пропалестинските протести во Женева употребени солзавец и водени топови, повредени пет полицајци

Објавено пред

Од

Швајцарската полиција денес објави дека пет полицајци се повредени во Женева во судири со пропалестинските демонстранти, на кои службите за итни случаи одговорија со солзавец и водни топови.

dobivaj vesti na viber

Првично мирниот протест во поддршка на флотилата за Газа, кој собра околу 3.000 учесници, го запре сообраќајот во центарот на градот и стана насилен доцна синоќа.

Ваквите судири се ретки во Швајцарија, иако протестите за Газа станаа почести. Израелското пресретнување на флотилата предизвика протести во Женева, Цирих и Берн, како и во Италија и Колумбија.

Полицијата денес соопшти дека едно лице е уапсено и дека е покрената истрага откако петмина од нивните полицајци биле повредени.

Портпаролот на полицијата вчера изјави дека се потребни солзавец и водени топови за смирување на немирите, како и дека демонстрантите фрлале предмети и предизвикале материјална штета.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

На средбата со Путин, Додик ги нарече Германците примитивци од Западот

Објавено пред

Од

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин, а откако двајцата се сретнаа во Сочи синоќа, изјави дека ја добил и дека смета на Москва да продолжи да биде негова силна поддршка.

dobivaj vesti na viber

На снимките прикажани од јавниот сервис на РС (РТРС), можеше да се слушне како Путин го нарекува Додик претседател иако остана без мандатот на прв човек на РС уште во август, откако беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Додик пристигна во Сочи на Валдај форумот, каде што Путин беше главен говорник.

„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е комплицирана“, сè уште можеше да се чуе како Путин му вели на Додик пред да престане снимањето.

После тоа, Додик изјави за RTRS дека разговорот со Путин бил „многу отворен и фер“ и дека го повикал да „не го изоставува Балканот“ во разговорите со другите важни партнери, особено САД, и да не дозволи Германците да ја контролираат ситуацијата таму бидејќи, како што рече, тие не се на страната на Србите.

Додик ги нарече Германците, како и претставниците на другите влијателни земји што се занимаваат со Босна и Херцеговина, „исплашени примитивци од Западот“. Затоа, тој се потпира на Русија како можен коректив и верува дека сегашното претседателство на Русија со Советот за безбедност на ООН ќе биде корисно за неговите политички цели.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на 1.700 километри од фронтовската линија

Објавено пред

Украинските беспилотни летала синоќа ја нападнаа хемиската фабрика „Азот“ во рускиот Пермски регион, на повеќе од 1.700 километри од украинската граница, потврди регионалниот гувернер Дмитриј Махоњин, објави „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Нападот привремено го запре производството во фабриката, која е меѓу најголемите руски производители на азотни ѓубрива, но е и клучен снабдувач на хемикалии што се користат во земјоделството и експлозиви.

Фабриката „Азот“, која се наоѓа на границата помеѓу европскиот и азискиот дел на Русија, произведува амонијак, уреа, амониум нитрат и други хемиски соединенија. Минатата година, компанијата пријави рекордно производство од повеќе од 2,3 милиони тони производи.

„Според најновите информации, нападот со непријателски беспилотни летала бил извршен ноќе… Имало краток застој во технолошкиот циклус во ‘Азот’“, изјави гувернерот Махоњин.

„Специјалистите за итни служби продолжуваат да работат на местото на настанот, а формиран е и оперативен штаб“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 час

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија2 часа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија2 часа

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет6 часа

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет6 часа

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа7 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа14 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ15 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија15 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија15 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа16 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија19 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија23 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија24 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија1 ден

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија1 ден

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија1 ден

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија1 ден

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет1 ден

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...