Контакт

Свет

Гори депо за нафта во близина на Кримскиот мост

Објавено пред

Складиште за нафта во рускиот регион Краснодар гори од утринава во руското село Волна на 10 километри северно од пристанишниот град Таман и во близина на источниот крај на стратешки важниот Кримски мост, клучната копнена врска на руското копно со Крим, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Според регионалниот гувернер Венјамин Кондратиев, пожарот е сериозен, но засега нема пријавено повредени, а не е во опасност ниту локалното население, додавајќи дека пожарникарите се трудат да го спречат неговото ширење.

Иако на руските социјални мрежи беа објавени повеќе видеа на кои пламен и црн чад обвиваат навидум огромни цистерни со црвени лепенки „запаливо“, „Ројтерс“ не можел независно да ги потврди ниту извештаите за пожарот ниту видеата.

Инцидентот се случува неколку дена откако Москва ја обвини Украина за нападот, кој предизвика пожар во нафтениот терминал во Севастопол.

Според извештаите, нафтен терминал во Севастопол, на полуостровот Крим, беше нападнат минатата сабота од украинско беспилотно летало. Украинската војска имала цел со нападот да ја наруши логистиката на руската Црноморска флота, чие седиште е во Севастопол, пред најавената украинска контраофанзива.

Руската новинска агенција ТАСС цитира извор од службите за итни случаи во Краснодар дека и депото во Волна било погодено од дрон.

Пристаништето во Таман служи како главна бродска врска со Крим и е најблиската голема населба до источниот дел на Кримскиот мост, кој ги поврзува полуостровот и регионот Краснодар. Високи украински функционери ветија дека ќе ја уништат оваа стратешки важна структура.

Минатата година моќна камион бомба го оштети делот од мостот за автомобилски сообраќај и уби тројца цивили вклучувајќи го и возачот на камионот. Москва го обвини украинското воено разузнавање дека стои зад терористичкиот напад.

Иако во согласност со досегашната практика Киев не презеде одговорност за нападот на нафтените депоа, украинската армија во текот на викендот посочи дека поткопувањето на руската логистика е дел од подготовките за нивната долгоочекувана контраофанзива, потпомогната од новите пратки помоќно западно оружје.

Во втор инцидент од таков тип за два дена експлозија исфрли воз од шините во понеделникот во руската област Брјанск, која граничи со Украина. Руските власти велат дека проукраинските диверзантски групи вршат напади во регионот уште од почетокот на непријателствата.

И Русија изминатата недела ги засили нападите врз Украина пред најавената контраофанзива со бранови напади со беспилотни летала речиси секоја ноќ и со проектили насочени кон Киев и други области.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.

dobivaj vesti na viber

Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.

„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.

Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа

Објавено пред

Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.

Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.

Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.

Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија

Објавено пред

Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.

Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.

Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.

„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија12 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија13 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија15 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија16 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија17 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија17 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија17 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија18 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија18 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија18 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија18 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија19 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа20 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет21 час

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет21 час

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет21 час

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...