Свет
Готје „удри“ по брзата мода: Хиперпродукцијата е апсолутно одвратна
Францускиот дизајнер Жан Пол Готје вели дека големите модни брендови ѝ штетат на планетата со хипер-продукцијата на нови колекции во кои има преголем број парчиња облека.
Готје вели дека овие компании мора да стават крај на „трката“ кој ќе изработи повеќе облека.
„Големите групации креираат сè повеќе колекции, нови колекции, огромни количини облека. Апсолутно одвратно“.
Како еден од највлијателните дизајнери, со повеќе од 40 години искуство во високата мода, Готје е подобен да говори на оваа тема бидејќи тој има големо познавање од оваа индустрија.
„Не размислуваат за она што им е потребно на луѓето. Тие само размислуваат како да пораснат. Тоа е прашање на моќ и политика“, вели Готје.
Тој додава дека голем број компании произведуваат облека што не е наменета за носење, туку е еден вид маркетинг.
Готје стана препознатлив по неговите ексцентрични и смели дијзани како конусниот градник за поп-иконата Мадона, или саронгот за фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам.
И покрај тоа што Готје е дел од модата, тоа не го сопира да ја критикува индустријата која годишно произведува милијарди парчиња облека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.