Свет
Го разоткрила снаата: Качински 20 години го криел идентитетот од ФБИ, а потоа еден повик влезе во историјата
Теодор Качински умре во затвор во Северна Каролина каде отслужуваше доживотна затворска казна за активирање на 16 експлозивни направи ширум Америка меѓу 1978 и 1995 година, при што загинаа три, а беа ранети 23 лица.
Серискиот убиец кој со години бегаше од раката на правдата важи за еден од најинтелигентните убијци во историјата.
Качински се бараше речиси 20 години до апсењето во 1996 година.
Со години, истражителите имаа многу малку траги за да следат бидејќи бомбашот го чуваше својот идентитет скриен. Тој оставаше само потпис врежан во секоја бомба – ФК., што му значело„Клуб на слободата“.
Во 1995 година, една година пред да биде уапсен, најпрестижните весници во САД, Вашингтон пост и Њујорк тајмс, одлучија да го објават неговиот анонимен манифест од 35.000 зборови, под закана за дополнително насилство. Во својот манифест тој повика на уништување на „индустриско-технолошкиот систем“, кој, според него, ги лишил луѓето од слободата.
The ‘Unabomber’ Ted Kaczynski found dead in his jail cell at 81 years old pic.twitter.com/p0gkXyP4zg
— Daily Loud (@DailyLoud) June 10, 2023
Потоа се јавила неговата снаа, а потоа и нејзиниот сопруг, братот на Тед, кој ги препознал неговите верувања и стилот на пишување и пријавил во полицијата.
Да не беа токму овие сомнежи на неговиот брат и снаа, тој можеби никогаш немаше да биде фатен. Неговата снаа, Линда Патрик, беше меѓу првите што го идентификуваше Качински откако го видела манифестот.
Таа изјавила дека ги препознала идеите што и звучеле познато во ракописот од писмата што нејзиниот сопруг Давид ги добил од неговиот брат. Семејството на крајот одлучило да стапи во контакт со ФБИ и на 3 април 1995 година, оперативната група од девет лица го уапсила Качински во неговиот дом во Монтана.
Качински му рекол на својот брат Дејвид дека „понекогаш посакува тој да биде единствениот жив човек на светот“. Цели 25 години живеел живот во мала кабина во Монтана, без вода, топлина или струја.
Психијатарот кој го прегледал Качињски во затвор му дијагностицирал параноична шизофренија.
Качински се спротивстави на идејата да се смета за ментално болен и кога неговите адвокати се обидоа да му дадат одбрана на неговото лудило, тој се обиде да ги отфрли.
Кога тоа не му успеало, тој се обидел да се обеси со долната облека. Качински на крајот ја призна вината наместо да дозволи тимот од одбраната да продолжи да се изјаснува за неговото лудило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.