Свет
Градоначалник во САД снимен во ресторан откако забрани работа на ресторани

Градоначалникот на Филаделфија се најде на удар на јавноста откако забрани рестораните да работат во своите затворени простории, а потоа беше снимен како јаде во затворена просторија на ресторан во Мериленд, соседната сојузна држава, пренесува Би-би-си.
Фотографијата од Џим Кени, градоначалникот на Филаделфија, стана вирална откако беше фотографиран како јаде во затворен простор во ресторан во Мериленд. Сопственик на ресторан во Филаделфија, Марк Ветри, гледајќи ја фотографијата, изјави дека градоначалникот Кени е лицемерна личност.
Hi @phillymayor !!! Glad you’re enjoying indoor dining with no social distancing or mask wearing in Maryland tonight while restaurants here in Philly close, suffer and fight for every nickel just to survive. I guess all your press briefings and your narr… https://t.co/ar2OuVvGu0 pic.twitter.com/Pkb2MdjuZv
— marcvetri (@marcvetri) August 31, 2020
Кабинетот на градоначалникот исто така реагираше на објавувањето на фотографијата, обидувајќи се да ја оправда одлуката на Кени да јаде во затворен простор со тврдењето дека тој сакал да помагне на ресторанот кој бил во сопственост на негов пријател.
„Се разбира дека ги разбираме фрустрациите на сопствениците на локални ресторани, тие се едни од најтешко погодените од пандемијата“, се вели во одговорот од кабинетот на градоначалникот.
„Но, во округот што го посети градоначалникот, регистрирани се 782 случаи на инфекција, додека во Филаделфија има повеќе од 33.000. Ова се драстично различни околности”, се заклучува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Помошникот на Путин: Мировниот план на Трамп за Украина ќе влезе во руските учебници

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина ќе биде вклучен во руските училишни учебници, изјави Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското военоисториско друштво, пишува „Данас“.
„Извонредните напори што новата американска администрација ги вложува за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, генерално, неверојатните трансформации во американската внатрешна политика на кои сега сме сведоци, несомнено ќе се појават на страниците на учебниците за руска историја и светска историја кога ќе биде подготвено следното издание“, објави „Данас“.
Тука можеме да кажеме дека Трамп дефинитивно влезе во историјата“, рече Медински, пренесува „Данас“ за агенцијата ТАСС.
Тој додаде, како што е наведено, дека нема право да коментира за политиката на американскиот претседател, но истакна дека како набљудувач и историчар може да каже: „Живееме во историска ера“.
Пред тоа, како што напишаа „Волстрит џурнал“ (VSJ) и „Блумберг“, администрацијата на Трамп достави предлози до Украина и претставниците на Европската Унија за прекин на војната. Според планот, Киев треба да го признае Крим како руски и да одбие да се приклучи на НАТО, според овој медиум.
Во исто време, објави „Данас“, непријателствата ќе бидат запрени по линијата на контакт, а Русија ќе ја предаде нуклеарната централа Запорожје под американска контрола.
Се очекува украинските власти да одговорат на овие предлози на состанок во Лондон на крајот од неделата.
После тоа, според WSJ, како што објави „Данас“, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, би можел да ја посети Русија по четврти пат за да разговара за планот договорен со Украина и ЕУ со рускиот претседател Владимир Путин, објавува „Москва тајмс“.
Условите на мировниот договор предложени од Соединетите Американски Држави се блиски до барањата на Русија. Претходно, Путин побара од Киев да ги предаде регионите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон на Москва во рамките на нивните административни граници и да одбие да се приклучи на НАТО, се вели во текстот.
Тој, исто така, инсистираше, како што е наведено, на одржување претседателски избори во Украина, нагласувајќи дека руската страна не може да потпише мировен договор со „нелегитимниот“ претседател Володимир Зеленски.
Во исто време, САД предупредија дека, доколку мировните преговори не успеат, Вашингтон ќе се повлече од преговарачкиот процес, пишува „Данас“.
Свет
(Видео) Украинците спасија куче под урнатините по рускиот напад врз Суми

Во украинскиот град Билопиља во Сумската област, по ноќен воздушен напад од страна на руските сили, спасувачите извадија куче од под урнатините, како што објави Државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, пишува УНН.
Како што е наведено, Русите синоќа извршија воздушен напад врз градовите Билопилија и Ворожбјанска. Како резултат на нападот, едно лице е повредено, а девет приватни куќи се оштетени.
За време на извидување во областа на заедницата Билопилија, спасувачите одеднаш слушнале квичење: а меѓу урнатините забележале исплашено куче.
Спасувачите внимателно го извлекле животното од под урнатините и му го предале на сопственикот, се вели во соопштението, а објавено е и видео од спасувањето на кучето.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.