Свет
Гренланд чекор поблиску до независност: утре важни избори
Жителите на Гренланд во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров во светот.
Законските прописи за тоа како може да се постигне тоа веќе постојат. Сите главни политички партии на Гренланд ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска.
Значи, патот до независноста е веќе трасиран… Членот 19 од данскиот Устав ѝ дозволува на владата да отстапи дел од својата територија под услов да добие одобрение од парламентот.
„Генерално, се верува дека би било можно да се откаже дел од земјата или Гренланд да стане независен, без уставен амандман и промена на данскиот Устав“, вели Фредерик Ваге, професор на универзитет во Данска.
Актот за самоуправа на Гренланд од 2009 година „во основа го дефинира патоказот за независност“, рече тој.
Во член 21 од тој закон се вели дека „одлуката за независноста на Гренланд ќе ја донесе народот на Гренланд“. Тогаш данската и гренландската влада мора да се договорат за договор, се вели во извештајот.
Договорот мора да биде одобрен од парламентот на Гренланд, мора да добие поддршка на референдум и да биде склучен со согласност на данскиот парламент.
„Независноста на Гренланд подразбира дека тој ќе има суверенитет над гренландските територии“, се наведува во текстот, според хрватски „Индекс“.
Данската премиерка Мете Фредериксен повторува дека „законот за домашно правило јасно кажува дека иднината на Гренланд ќе биде дефинирана од Гренланд и неговите жители“.
Дури и американскиот претседател Доналд Трамп, обраќајќи се во Конгресот на 4 март, призна дека неверојатниот народ на Гренланд има право на самоопределување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет
Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата во неделата, во напад за кој претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија.
„Прелиминарно е утврдено дека биле детонирани импровизирани експлозивни направи“, објави полицијата на Телеграм.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, го опиша инцидентот на Телеграм како терористички чин и рече дека 23-годишна полицајка е убиена. Дванаесет лица остануваат во болница, од кои две се во сериозна состојба, рече тој.
A 23-year-old policewoman died as a result of the explosion. 😪
Victoria Shpylka was from Volyn, and later moved to Kherson with her parents.
She graduated from the Lviv State University of Internal Affairs and worked in the ranks of the patrol police, first in Kherson region,… pic.twitter.com/XZnWrcUkDK
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) February 22, 2026
Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека една жена е приведена како дел од истрагата.
Зеленски: Напаѓачите се регрутирани преку интернет
Полицијата соопшти дека првата експлозија се случила кога патрола пристигнала на местото на провала во продавница, додека втората експлозија се случила кратко време подоцна.

Damage at the site of a double explosion in downtown Lviv, western Ukraine, 22 February 2026. According to the National Police, a 23-year-old policewoman was killed and at least 24 others were injured when two homemade explosive devices detonated in what authorities have officially labeled a ‘terrorist attack.’ EPA/MYKOLA TYS
Во видео обраќање доцна во ноќта, Зеленски ја обвини Русија дека стои зад нападите и рече дека напаѓачите биле регрутирани преку интернет. Украинското разузнавање верува дека Русија „ќе продолжи да извршува вакви напади, сериозни напади врз Украинците. Мора да ги заштитиме луѓето“, рече Зеленски.
Четвртата годишнина од почетокот на инвазијата на Украина се одбележува оваа недела.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Свет
(Видео) Студентски протести и немири на повеќе универзитети во Иран
Студенти втор ден по ред протестираат на неколку универзитети во Иран, а протестите на места прераснаа во немири, јавуваат локалните новински агенции.
Тензиите се случуваат во период кога земјата се соочува со зголемено американско воено присуство во регионот и обиди за договор со Вашингтон околу нуклеарната програма.
Судири и повредени студенти
Иранската државна телевизија објави снимки од лица за кои тврди дека се „претставувале како студенти“ и нападнале провладини студенти во Техеран. Според извештаите, неколкумина биле повредени откако кон нив биле фрлани камења.
Students at Amir Kabir University in Tehran resisted an attempt by Basij members to stop their rally against the Islamic Republic on Sunday. In the footage, plainclothes Basij members can be seen on the right side. pic.twitter.com/VWXZ0SBiNY
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Протести се одржале и на универзитети во Машхад, на североистокот од земјата. Организацијата за човекови права ХРАНА соопшти дека интервенцијата на безбедносните сили предизвикала повреди кај демонстрантите и објави видеоснимки од случувањата.
Пораки против врховниот лидер
Во јавноста се појави и видео од Технолошки универзитет Шариф во Техеран, на кое наводно се слуша како демонстранти го осудуваат врховниот лидер Али Хамнеи, нарекувајќи го „убиствен лидер“.
На снимката се слушаат и повици до Реза Пахлави, синот на соборениот ирански шах кој живее во егзил, да стане нов монарх.
Students at Khajeh Nasir University gathered on the campus on Sunday to protest the government and voice support for exiled Prince Reza Pahlavi, videos shared by the university student newsletter show. pic.twitter.com/awommwsfVv
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Продолжување на тензиите
Овие протести следуваат по антивладините демонстрации минатиот месец, кои започнаа поради економските тешкотии и брзо прераснаа во политички барања. Според извештаите, тие немири биле најжестоки од Исламската револуција во 1979 година.
Ситуацијата во Иран и понатаму останува напната, со засилено присуство на безбедносните сили на универзитетите и во поголемите градови.

