Европа
Грета возврати на навредите: „Се плашат од нас, па се обидуваат да ме исмеат“
Оваа недела светска тема е Грета Тунберг, 16-годишната Швеѓанка која одржа драматичен говор на климатскиот Самит на ОН во Њујорк.
Тинејџерката која е активист против климатските промени во обраќањето ги обвини светските лидери за нивната неактивност во борбата против глобалното затоплување, велејќи дека со тоа ја ограбиле од нејзиното детство.
Ставајќи се во центарнот на вниманието на светската јавност, Грета привлече и многу критики, но и навреди на сметка на нејзиниот изглед, облеката, формата на аутизам од која страда и сл. Многумина ја нарекоа и изманипулирано дете кое се користи за да ги продлабочи поделбите во светот.
Грета јасно стави до знаење дека е свесна за сите навреди кои се пишуваат на нејзина сметка, но до сите критичари упати порака дека наместо да се занимаваат со неа, треба да се обидат да направат промена и да му помогнат на светот.
Here we go again…
As you may have noticed, the haters are as active as ever – going after me, my looks, my clothes, my behaviour and my differences.
They come up with every thinkable lie and conspiracy theory. (Thread->) pic.twitter.com/5rS2VpZj00— Greta Thunberg (@GretaThunberg) September 25, 2019
Во објава на „Твитер“ тинејџерката напиша:
„Како што можеби забележавте, хејтерите се активни како и секогаш – се занимаваат со мене, мојот изглед, мојата облека, моето однесување и моите разлики. Тие излегоа со секоја можна лага и теорија на заговор.
Се чини дека се подготвени да ја минат секоја можна линија за да го оттргнат фокусот, бидејќи се премногу очајни да зборуваат за климата и еколошката криза. Да се биде различен не е болест а сегашната, врвна наука, не може да се третира само како пишани мислења – тоа се факти.
Искрено не разбирам зошто возрасните би избрале да го користат своето време за да ни се потсмеваат и да ни се закануваат нам, тинејџерите и децата кои промовираат научни факти, кога наместо тоа би можеле да направат нешто добро. Претпоставувам дека веројатно се чувствуваат загрозени од нас.
Но, не трошете го вашето време давајќи им повеќе внимание. Светот се буди. Промените доаѓаат без разлика дали сакале тие или не. Се гледаме на улиците во петок!“, порача во пораката младата активистка.
Таа објави фотографија како се враќа од САД кон Шведска на нејзината сега веќе култна едрилица, со која плови по Атлантскиот Океан затоа што верува дека авионите испуштаат премногу гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.
Европа
(Видео) Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч
Балистичката ракета што Русија ја употреби за напад врз градот Лавов синоќа се движела со брзина од приближно 13.000 километри на час. Информацијата е објавена на Фејсбук од страна на Западната воздушна команда, пишува „Украинска правда“.
Детали за нападот
Во официјалното соопштение се наведува дека нападот бил извршен врз инфраструктурни објекти.
Security camera footage which appears to capture tonight’s strike by a Russian “Oreshnik” Intermediate-Range Ballistic Missile (IRBM), equipped with a Conventional Multiple Independently Targetable Reentry Vehicle (MIRV), earlier against the Lviv Oblast of Western Ukraine. pic.twitter.com/LikuWRRgtS
— OSINTdefender (@sentdefender) January 8, 2026
„Во 23:47 часот на 8 јануари, непријателот извршил ракетен напад врз инфраструктурни објекти во Лавов, користејќи балистичка ракета. Ракетата се движела со брзина од приближно 13.000 км/ч по балистичка траекторија“, се вели во соопштението на Командата.
Тие додадоа дека точниот тип на ракета што се користела ќе се утврди дури по испитување на сите нејзини компоненти.

