Свет
Грета Тунберг разочарана од климатскиот самит во Глазгов
Конференцијата за климата во Глазгов е неуспех, рече Грета Тунберг на протестот во шкотскиот град, каде што претставници на речиси 200 земји се собраа на COP26 во организација на ОН.
„Не е тајна дека COP26 е неуспех“, рече шведската активистка пред илјадници свои истомисленици.
„Ова повеќе не е климатска конференција. Ова е глобална еко-манипулација од Северот, двонеделна прослава на веќе виденото и глобално бла бла бла“, рече Тунберг.
„Гласовите на луѓето од најтешко погодените области (од климатските промени) и натаму не се слушаат“, нагласи таа.
„Но, фактите не лажат. Веќе знаеме дека нашите цареви се голи“, посочи активстката за лидерите собрани на COP26, па порача: „Историјата строго ќе им суди“.
Тунберг повика луѓето сериозно да размислуваат на оваа тема.
„Мораме да се запрашаме за што се бориме? Дали се бориме за себе или за спас на планетата? Или се бориме да ги задржиме работите такви какви што се?“
„Нашите лидери велат дека можеме да ги имаме и двете, но горчливата вистина е дека во пракса тоа не е можно“, посочи Тунберг, цитирана од агенцијата ДПА.
Денеска, млади луѓе во голем број излегоа на улиците во градот домаќин на конференцијата. Учениците ги напуштија училниците и пееја по улиците на Глазгов заедно со младите што пристигнаа од целиот свет, пишува агенцијата АФП.
Се додава дека младата зелена активистка од Уганда, Ванеса Наката, исто така била меѓу говорниците.
За сабота е закажан втор ден од протестите во Глазгов по завршувањето на првата од двете недели од COP26 во овој шкотски град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.