Свет
„Тела висеа на урнатините“: грозоморни сцени од местото на нападот на бегалскиот камп во Газа:
Сведокот на нападот, Мохамад ал-Асвад, изјави дека на местото на нападот во Џабалија сцената била ужасна.
„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа на урнатините, многу од нив беа непрепознатливи. Некои крвавеа, а други изгореа“, рече тој.
Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем во наредните часови бидејќи сè уште трае потрагата по телата на цивилите што преживеале затрупани под урнатините.
Во нападот на бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на периферијата на градот Газа, според последните информации што ги објави индонезиската новинска агенција од Газа, загинаа најмалку 50 лица, а околу 150 лица се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведчук: Украина не е во можност да ги исполни американските услови за мир
Властите на Украина не се во можност да ги исполнат барањата на САД во врска со мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат целосна промена на владата и државната идеологија – нешто што во моментов нема никој во Украина да го обезбеди, а сегашниот режим сака да владее со земјата до бесконечност, изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесува РИА Новости.
„Токму оние точки од планот што стигнаа до медиумите не подразбираат отстапки, туку радикална промена во надворешната и внатрешната политика на Украина. Тоа е целосно ресетирање на владата и државната идеологија. Нема никој што ќе обезбеди таков пресврт во Украина на Владимир Зеленски денес: оние што можеа да го обезбедат тоа беа протерани, уапсени или убиени. Нема враќање назад“, рече Медведчук во соопштение објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.
Тој истакна дека постојат барања од Вашингтон што сегашното украинско раководство едноставно не е во можност да ги исполни.
„Не затоа што овие барања се лоши или неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не е во состојба да обезбеди демократски промени. Исто така, постои и раководство на земјата кое сака да владее со неа бесконечно, без да се осврнува на законите, правата и слободите на граѓаните“, додаде Медведчук.
Според него, мирот не е прифатлив за Зеленски во никаква форма.
„Ако нелегитимното лице воопшто попушти во нешто, тоа е пресуда за неговата криминална политика. Затоа ќе се врти како вошка на чешел, но нема да се согласи со ништо“, рече Медведчук.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, планот предложен од САД подразбира намалување на американската воена помош за Киев, признавање на официјалниот статус на канонската Украинска православна црква и прогласување на рускиот јазик за државен јазик во Украина, така што Киев ќе ја прифати реалноста, односно дека Донбас е дел од Русија, како и намалување на украинските вооружени сили.
Планот вклучува и забрана за распоредување на странски трупи на украинска територија и забрана за испорака на оружје со долг дострел во Киев. Како што објави порталот „Аксиос“, планот подразбира дека САД и другите земји ги признаваат Крим и Донбас како легитимни руски територии.
Фото: принтскрин

