Свет
Грузискиот премиер: Зеленски, не се мешај
Грузискиот премиер Иракли Гарибшвили го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да не се меша во политичката ситуација во Грузија.
Во таа земја почна бран протести поради законот за странски агенти за кој критичарите велат дека сигнализира авторитарна промена во Грузија.
Зеленски им се заблагодари на демонстрантите што го вееја украинското знаме. Тој ѝ посака на Грузија демократски успех.
Грузискиот парламент во петокот го отфрли предлог-законот за кој противниците рекоа дека е инспириран од рускиот закон од 2012 година што се користеше во изминатата деценија за да се потисне несогласувањето од оние што се на власт. Во исто време, законот претставува закана за врските на Грузија со Европа.
Гарибшвили изјави дека украинските политичари директно се мешаат во внатрешните работи на Грузија.
„Го споменавте апелот на Зеленски… Кога човек во војна има време да ги коментира активностите што ги спроведуваат неколку илјади луѓе овде, тоа е доказ дека тој е мотивиран нешто да се случи овде, некаква промена“, рече грузискиот премиер, а потоа продолжи да ги критикува другите политичари и луѓе од јавниот живот на Украина.
„Протестите ги коментираа Кличко, адвокатот Марк Фајгин и некои други несоодветни луѓе. Некои несреќни губитници велат дека на Грузија ѝ се потребни промени, државен удар… Ова е директно мешање во внатрешните работи на земјата“, коментира Гарибшвили.
На крајот од разговорот за каналот „Имеди“ премиерот на Грузија изјави дека владејачката партија нема да дозволи отворање на нов фронт во земјата.
„Ги советувам украинските власти првин да се грижат за себе и за својата земја. Нема да дозволиме Грузија да учествува во конфликтот меѓу Русија и Украина. Надворешните елементи се обидуваат да ја вовлечат нашата земја во конфликт“, изјави грузискиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

