Европа
Гувернерот на Севастопол: Дронови го напаѓаат градот
Беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим, а противвоздушната одбрана веќе соборила два авиона, изјави денеска гувернерот на градот, Михаил Развозаев.
„Нашата противвоздушна одбрана работи во моментот. Во тек е напад со беспилотни летала. Според прелиминарните информации, веќе се соборени два беспилотни летала. Сите сили и служби се во подготвеност“, напиша Развозаев на „Телеграм“, пренесе ТАСС.
Претходно, над Севастопол беа соборени дронови на 1 и на 8 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија соопшти дека соборила седум украински проектили над Курск
Седум украински проектили и седум беспилотни летала се уништени во текот на ноќта над областа Курск, изјави гувернерот на руската област која граничи со Украина.
„Нашите ловци за противвоздушна одбрана синоќа одбија напад на украинските вооружени сили“, напиша регионалниот гувернер на Курск Алексеј Смирнов на својот канал на Телеграм.
Тој не соопшти повеќе детали.
Руското Министерство за одбрана во утринскиот извештај објави дека се уништени вкупно 23 украински беспилотни летала над руска територија. Министерството во своето соопштение не спомна проектили.
Прорускиот воен аналитичар Роман Аљохин на Телеграм изјави дека Курск во текот на ноќта бил подложен на масовен напад од ракети од странско производство.
„Беше многу гласно и имаше многу (проектили)“, рече тој.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Се наведува и дека не е јасно какво оружје користела Украина и дека нема моментален коментар од Украина.
Европа
Путин и Ердоган разговараа
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и дискутираше за прашања од билатералната агенда, објавено е на официјалната веб-страница на Кремљ.
„Во продолжение на разговорите во Казан на 23 октомври, детално се расправаше за актуелните прашања од билатералната агенда со акцент на зголемување на ефикасноста на трговско-економската соработка“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во врска со ова ќе следат контакти на ниво на надлежни ресорски органи.
Европа
Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.
Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.
Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.