Свет
„Гугл“ отпушти четворица вработени зашто сакале да организираат синдикат

„Гугл“ соопшти дека четворица вработени се отпуштени бидејќи биле активни во организирање синдикат во компанијата. Канцеларијата за безбедност и истрага на компанијата „Гугл“ испрати допис до своите вработени за отпуштањето на четворицата вработени поради јасни кршења на правилата за безбедност на податоците.
Портпаролката на „Гугл“, Јен Кајсер, ја потврди информацијата за отпуштање четворица вработени, но одбила да ја каже причината.
Затегнатите односи почнаа кога „Гугл“ ја напушти долгогодишната пракса во која вработените беа поттикнувани јасно да изразат свои ставови и мислења за работењето на компанијата. Прекинати се низата редовни состаноци на компанијата за време на кои вработените можеле да поставуваат прашања до високото раководство и почна да соработува со компанија што се занимава со спречување организирање синдикати.
Во дописот до вработените на „Гугл“ се наведува дека отпуштените вработени повеќепати барале, прегледувале и дистрибуирале информации надвор од рамките на својата работа.
Еден од вработените примил информации за работата и позицијата на другите вработени без нивно знаење или одобрение, пишува во дописот од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски политичар застрелан додека излегувал од кафуле

Рускиот политичар Николај Онишченко, началник на областа Завјаловски во регионот Алтај во централен Сибир, е убиен додека излегувал од кафуле. Истражниот комитет поведе кривична постапка, изјавија за новинарите руските истражни органи.
Од одделението додаваат дека во селото Завјалово е уапсен локален жител поради сомнение дека сторил кривично дело.
„Обвинителот на територијата, Алтај Антон Херман, гио стави под своја контрола расветлувањето на околностите и текот на кривичната истрага. По негова наредба, теренски обвинител работи на местото на настанот“, рече Марија Антошкана, помошник-обвинител од регионот.
Онишченко е роден на 8 август 1973 година. Тој беше избран на функцијата градоначалник на областа Завјаловски на територијата Алтај во октомври 2022 година. Пред тоа Онишченко работеше за руското Министерство за внатрешни работи.
Свет
Папата ги продолжува респираторната терапија и физиотерапијата без маска

Папата Франциско продолжи да прима респираторна терапија и физиотерапија без маска земајќи кислород преку канила откога вчера претрпе две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти денеска Ватикан.
Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и продолжува да мирува и денеска.
Лекарите извадиле големо количество слуз, што се насобрало во неговите бели дробови, и направиле две бронхоскопии, при што со камера извадиле течност од неговите дишни патишта.
Свет
Бафет: Царините до одреден степен се чин на војна

Американскиот милијардер, претседател и извршен директор на „Беркшир хатавеј“, изјави дека новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за неколку земји до одреден степен се чин на војна.
„Имавме големо искуство со нив. Царините се, всушност, чин на војна, до одреден степен. Со текот на времето тие стануваат данок на стоки. И тогаш што? Тоа прашање секогаш треба да го поставувате во економијата. Секогаш велите: А што тогаш?“, рече Бафет во интервју за „Си-би-ес њуз“ одговарајќи на прашањето како царините ќе влијаат на инфлацијата. Овој 94-годишник, кого медиумите го нарекоа пророкот од Омаха, додаде дека најголемиот дел од парите со кои управува секогаш ќе биде во САД бидејќи тоа е најдоброто место. Бафет ги поддржуваше претседателските кандидати во минатото, вклучувајќи ги Барак Обама и Хилари Клинтон, но одби да ги поддржи демократите на изборите во 2024 година.
Царините од 25 отсто за Мексико и Канада, предложени од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија во сила денеска, а во февруари САД воведоа царини од 10 отсто за стоки од Кина.
Трамп исто така најави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што треба да стапи во сила на 12 март. Тој минатиот месец рече дека ќе им наплати реципрочна тарифа на земјите што имаат такви даноци за американските стоки.
Тој исто така се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за земјите од Европската Унија, како и 100 отсто царина за земјите од БРИКС, доколку тие го заменат американскиот долар како своја резервна валута, пренесува „Танјуг“.