Свет
Гутереш: За време на мојот мандат не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека ОН понудиле да го надгледуваат евентуалниот прекин на огнот во Газа додавајќи дека во текот на неговите седум години на функцијата никогаш не видел толку многу смрт и уништување како во Газа.
Тој изјави за АП дека е нереално да се мисли дека ОН би можеле да играат улога во Газа во иднина, или да управуваат со територијата или да испраќаат мировници, бидејќи Израел веројатно нема да ја прифати таа улога на ОН.
Сепак, тој рече дека „ОН ќе може да поддржат каков било прекин на огнот“.
ОН имаат набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.
„Се разбира, ќе бидеме подготвени да направиме сѐ што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашање е дали страните во конфликтот ќе го прифатат, а конкретно дали Израел ќе се согласи“, рече Гутереш, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хрватски вицепремиер пукаше со пиштол низ прозорец на автомобил, па поднесе оставка
Вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро од десничарското Движење Татковина поднесе оставка поради видеото на кое тој пука со пиштол низ прозорец на автомобил во близина на населено место.
Хрватските медиуми јавуваат дека тој испукал девет истрели.
„Според она што може да се види на видеото, Дабро се вози на совозачкото седиште и е облечен лежерно, облечен во шорцеви и маичка, што навестува дека видеото е снимено во потоплите денови. Во позадина се слуша народна песна“, пренесе „Индекс.хр“.
Изгледа дека пукал во близина на населено место бидејќи низ прозорецот се гледаат уличните светла, а во еден момент се гледа и куќа. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за брат ми Марио“.
Потоа преку прозорецот испукува девет истрели од пиштол, а потоа пее. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во просторот во близина на совозачкото седиште каде што седи и вели: „Поздрав, брат Марио, добра ноќ“.
„Тоа е истрел од пред неколку години, а јас пукав од пиштол со ќорци“. „Тоа беше некаква приватна прослава, можеби дури и раѓањето на синот на мојот брат“, се обиде да се оправда пред медиумите.
Сепак, според информациите од упатени извори, синоќа на разни затворени групи почнале да излегуваат повеќе снимки од Дабра, кој очигледно сакал да се снима додека пука, пишува „Јутарњи лист“.
Информациите за нови скандалозни снимки од пукотници на отворено стигнаа до врвот на владата, поради што премиерот Андреј Пленковиќ побара веднаш да поднесе оставка.
Еден од соговорниците на „Јутарњи лист“, кој е добро информиран за синоќешните случувања во Владата, вели дека објавените снимки биле правно, политички и морално неодбранливи, но дека снимката која јавноста се уште не ја видела е капката што ја прелила чашата.
Во текот на ноќта Дабро најави оставка и прес-конференција на Фејсбук.
Свет
Во Иран убиени двајца судии од Врховниот суд
Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.
„Тројца судии од Врховниот суд беа мета“.
„Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека напаѓачот се самоубил.
Свет
Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп
Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.
Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.
Минувањето на автомобили беше во прекин 40 минути.
„Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, изјави за АФП Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.
По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.
„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на имиграцијата.