Свет
Гутереш: Светот е во опасност
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на солидарност и соработка во соочувањето со повеќекратните предизвици на „светот во опасност“, говорејќи по повод отворањето на 77. Генерално собрание на Обединетите нации, пренесува „Франс прес“.
– Светот се соочува во опасност преку целата наша работа за промовирање на мирот, човековите права и одржливиот развој. Од конфликт до климатски промени, до расипан финансиски систем кој ги разочарува земјите во развој, до сиромаштија, нееднаквост и глад, до поделеност и недоверба – рече тој.
Тој додаде дека соочувањето со овие предизвици бара постојана солидарност, соработка и создавање консензус и решенија, инсистираше Гутереш една недела пред Генералното собрание на високо ниво.
Почнувајќи од следниот вторник, десетици шефови на држави и влади од целиот свет ќе се редат зад говорницата на Генералното собрание на големиот годишен собир.
Иако официјално не се предвидува промена во програмата, погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, на кој многу лидери планираа да присуствуваат, сепак отвора низа неизвесности, особено поврзани со редоследот на говорите и одржувањето на одредени придружни настани.
Самитот за образование закажан за в понеделник, на кој претходно потврдија 90 шефови на држави и влади, ќе се одржи.
Антонио Гутереш нема да патува во Лондон на погребот на кралицата, изјави неговиот портпарол, пренесе Дневен аваз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото во Тексас и Оклахома
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.
„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.