Свет
Гутереш: Ситуацијата во Газа е пекол за децата
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ситуацијата во Газа ја опиша како пекол за најмладите. Тој во своето обраќање во Обединетите нации побара од Израел да им обезбеди на локалното население пристап до помош, која тој ја најави дека сам ќе ја организира.
„Ако има пекол на Земјата – тоа се животите на децата денес во Појасот Газа. Непријателствата предизвикаа сериозна штета на виталната инфраструктура што ја користат цивили во Газа вклучувајќи патишта и снабдување со електрична енергија“, рече генералниот секретар на ООН.
Тој повика на итен прекин на огнот барајќи од израелската армија максимална воздржаност, а од друга страна, движењето Хамас повика на ставање крај на ракетирањето на израелската територија. Тој апелира до Израел да престане со уривањето и иселувањето на палестинската територија.
„Пристапот до хуманитарни добра е најважен. Нападите на милитантните групи врз околните области се неприфатливи. Во исто време Израел е должен да овозможи брз и непречен пристап до хуманитарната помош до Појасот Газа“, истакна генералниот секретар на ООН.
Стотици згради и домови беа уништени или оштетени, а, како што истакна Гутереш, неколку болници беа оштетени во воздушните напади.
„Речиси 50.000 луѓе побараа засолниште во училиштата на Обединетите нации, џамии и други места со мал пристап до вода, храна, хигиена или здравствени услуги“, рече Гутереш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

