Европа
Г7: Помош за Турција и Сирија по земјотресот, како и за Киев поради војната против Русија
Земјите членки на групата седум најразвиени земји (Г7) објавија дека работат на обезбедување помош за Сирија и Турција по разорните земјотреси и ја повторија својата поддршка за Киев пред годишнината од рускиот напад врз Украина, соопшти Стејт департментот.
Во изјавата на министерот за надворешни работи на Јапонија, Хајаши Јошимаса, во својство на претседавач на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на Минхенската безбедносна конференција на 18 февруари, се прецизира дека министрите за надворешни работи на Г7 на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и високиот претставник Европската Унија се состана првпат под јапонското претседателство во 2023 година и ја истакнаа нивната посветеност за поддршка на меѓународниот поредок заснован на владеење на правото, се вели во соопштението.
Членовите на Г7 изразија длабоко сочувство до граѓаните на Турција и Сирија, кои се борат со последиците од земјотресот на 6 февруари и најавија дека работат заедно со партнерите за да обезбедат непречена достапност на потребната хуманитарна и техничка помош.
Речиси една година по рускиот напад врз Украина, членките на Г7 ја потврдија својата непоколеблива солидарност со Украина онолку долго колку што е потребно, се вели во соопштението.
Тие го поздравија учеството на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на средбата и посветеноста на Украина за праведен и траен мир, што беше покажано, како што беше наведено, во изјавите на претседателот Володимир Зеленски на самитот на Г20 во ноември 2022 година.
Г7 остро ја осудува „неиспровоцираната и брутална агресивна војна на руската влада против Украина“ и ја повикува Русија „веднаш и безусловно да ги повлече сите сили и опрема од Украина и да ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух
Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух.
Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата.
✈️Moment of the crash of the Russian military transport aircraft An-22 https://t.co/TnvYdBNXB9 pic.twitter.com/7u5xoRh2wx
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 14, 2025
Се верува дека инцидентот е предизвикан од технички дефект на авионот, кој е во употреба повеќе од 50 години, објави подоцна деловниот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори. Тасс соопшти дека авионот бил на закажан лет по поправките и се урна во близина на резервоар. Остатоците од авионот се пронајдени во водата.
Европа
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата X.
Тој рече дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози за мировен план.
Пред неговото пристигнување, Зеленски нагласи дека сака да ги убеди Американците да ја поддржат идејата за замрзнување на фронтовската линија во Украина во нејзината сегашна состојба пред било какви преговори со Москва.
Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп.
Извори од германската влада за „Билд“ изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена , а дека денес ќе се одржат прелиминарни разговори со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.
Европа
Речиси три четвртини од Европејците ја поддржуваат ЕУ, рекордна поддршка за еврото и за заедничка одбрана
Речиси три четвртини од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Унијата, покажува најновиот Евробарометар.
Според податоците, 59% од Европејците се оптимисти за иднината на ЕУ, а 73% се чувствуваат како граѓани на Унијата. Довербата во институциите останува висока, при што 48% изјавиле дека им веруваат на европските институции.
Анкетата покажува и рекордна поддршка за еврото – 74% од испитаниците го поддржуваат воведувањето на единствената валута, а во Еврозоната процентот изнесува 82%.
Во однос на заедничката одбрана и безбедност, 79% од граѓаните го поддржуваат воспоставувањето на заедничка политика меѓу земјите-членки, што е втор највисок резултат од 2004 година. Повеќе од две третини (67%) сметаат дека ЕУ е „место на стабилност“ во свет полн со немири, а 83% веруваат дека Унијата треба да ги диверзифицира трговските односи за да ја зајакне економската независност.
77% од Европејците сметаат дека инвазијата е закана за безбедноста на ЕУ, додека 73% ја поддржуваат економската блокада на Русија. Повеќе од три четвртини (81%) го поддржуваат приемот на бегалци од Украина, а 57% се согласуваат со финансирање на набавката и испораката на воена опрема за Киев.
Граѓаните сметаат дека главните приоритети на буџетот на ЕУ треба да бидат вработувањето, социјалните прашања и јавното здравје (42%), образование, култура и медиуми (36%) и одбрана и безбедност (35%).
Истражувањето, спроведено помеѓу 9 октомври и 5 ноември 2025 година во сите 27 земји-членки, вклучуваше 26.445 интервјуа лице в лице.

