Свет
Данска го отповика амбасадорот во Иран поради осуетениот заговор за напад
Данска во вторникот го отповика својот амбасадор во Иран откако го обвини Техеран за заговор за напади против тројца Иранци кои живеат во оваа скандинавска земја, пренесува „Брејтбарт“.
„Решив да го отповикам амбасадорот на Данска во Техеран за консултации. Данска никогаш нема да прифати дека луѓе со врски со иранската разузнавачка служба заговараат напади врз луѓе во Данска. Планираната операција беше целосно неприфатлива”, изјави данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен, додавајќи дека се консултирал со партнерите и сојузниците, вклучувајќи ја и ЕУ, за можните санкции.
Претходно во вторникот, шефот на данското разузнавање (ПЕТ), Фин Борх Андерсен, изјави дека неговата агенција верува оти иранската разузнавачка служба планирала напад во Данска против тројца Иранци осомничени дека припаѓале на Движењето за арапска борба за ослободување на Ахваз. Норвежанецот со иранско потекло бил уапсен на 21 октомври и притворен, осомничен за планирање на нападот и за шпионирање за Иран. Осомничениот бил уапсен во Шведска, според шведската безбедносна служба САПО. Иран ги негираше данските наводи, при што портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми, рече дека тие се дел од европскиот заговор против Иран.
„Потполно е неприфатливо Иран или која било друга странска држава да планира атентати на данската територија. Понатамошните активности против Иран ќе бидат разгледувани во ЕУ “, напиша на Твитер на данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.
Иранскиот амбасадор во Копенхаген беше повикан во данкото МНР за објаснување во вторникот. Најавата на ПЕТ им стави крај на неколкунеделните медиумските шпекулации за тоа зошто Данска ги затвори мостовите во Шведска и фериботите неколку часа на 28-ми септември, во масовна потрагата што мобилизираше стотици полицајци и војската.
„Затворањето беше насочено кон спречување на иранската операција,“ призна ПЕТ во вторникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

