Свет
Данска резервираше дел од територијалните води за изградба на фарми со ветерници
Голем дел од данските територијални води се наменети за изградба на нови фарми со ветерници, пренесува „Локал“. Министерот за животна средина, Ларс Кристијан Лилехолт, резервира голема област во данските води за идните ветерни паркови во државна сопственост.
Одлуката следи неодамнешниот интерес на приватните компании за спроведување физибилити студии за изградба на фарми со ветерници во тие области.
„Пред да доделиме некои од нашите најдобри ветерни ресурси, сакам да се уверам дека имаме јасна претстава за тоа како ресурсите може да ни користат на сите. Го преземаме овој чекор за да се осигураме дека парите од значителните ресурси во данските води ќе им бидат од корист на Данците,” рече Лилхолт.
Тековните ниски цени на енергијата од ветер беа дел од причината за одлуката на владата да го преземе овој чекор, рече Лилехолт, додавајќи дека стратегијата за резервирање на потенцијално профитабилните територијални води е во согласност со идеологијата на владејачката Либерална партија (Венстре).
„Добро е либералната политика да се осигури дека Данска ги поседува ресурсите за ветер околу Данска. Има смисла парите да му бидат од корист на данското општество”, рече тој.
Министерот, исто така, направи паралела меѓу производството на енерија од ветерво Данска и нафтената индустрија во Северното Море од која Норвешка привлекува голем дел од своето богатство. Областите резервирани од владата се наоѓаат во Категат и во Северното Море.
Данските води се меѓу првите европски локации за ветерници поради малите длабочини на морето и ветровитоста. Сепак, резервирањето на површините не значи дека таму сигурно ќе се градат фарми со ветерници.
„Првиот чекор е направен со резервацијата. Следно е процес на проверка за да се најде најпогодна локација и да се постават фармите со ветерници “, рече Лилехолт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

