Контакт

Свет

Данска сака да ги забрани кесите за еднократна употреба

Објавено пред

Акциониот план на Данска за намалување на пластиката содржи предлог за забрана на тенките провидни кеси за една употреба, пренесува „Локал“. Според планот, ќе биде забрането и бесплатното давање кеси во маркетите.

dobivaj vesti na viber

„Овие иницијативи ќе ја намалат употребата на кеси за еднократна употреба и ќе нè натераат да размислиме колку кеси ни требаат кога одиме на шопинг“, изјави министерот за животна средина и храна, Јакоб Елеман-Јенсен.

Данската стопанска комораа го поддржува предлогот.

„Ја поддржуваме идејата дека кесите не треба да бидат бесплатни. Кога кесите се наплаќаат, стануваат производ на кој клиентите му придаваат вредност, а тоа резултира со почит и поттик за повторна употреба“, изјави портпаролот за еколошка политика на организацијата, Јакоб Лам Цујтен.

„Пластик чејнџ“, лоби-група за намалување на употребата на пластиката, вели дека кесите не треба да бидат бесплатни.

„Многу е добро што ќесите ќе чинат пари бидејќи тоа ќе натера повеќе луѓе да речат ‘не’“. Би било одлично да се забранат кесите со рачки за еднократна употреба“, изјави шефот за комуникации, Лисбет Енгбо.

Кесите за повеќекратна употреба веќе се наплаќаат во данските супермаркети, а островите Самсо и Мон комплетно ги отстранија кесите од продавниците.

Свет

Илон Маск ја лансира „Грокипедија“

Објавено пред

Од

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа „Грокипедија“, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата „Википедија“, која е креирана и уредувана од волонтери и која некои американски републиканци ја обвинија за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“.

dobivaj vesti na viber

Името „Грокипедија“ доаѓа од четботот Groka на xAI, за кој Маск тврди дека „бара максимална вистина“.

Верзијата 0.1 од вчера вечерта веќе имаше повеќе од 885.000 дефиниции во споредба со повеќе од седум милиони на англиската верзија на „Википедија“.

Пред една недела, претприемачот одлучи да го одложи лансирањето на „Грокипедија“ за неколку дена, иако беше објавено на крајот на септември, оправдувајќи го одложувањето со потребата од „дополнителна работа за чистење на пропагандата“.

Како и републиканските функционери, Илон Маск е постојан критичар на „Википедија“ веќе неколку години. Во 2024 година, тој напиша дека страницата е „контролирана од крајно левичарски активисти“ и ги повика луѓето да престанат да донираат на платформата.

„Целта на Грок и (Грокипедија) е вистината, вистината и ништо друго освен вистината“, нагласи најбогатиот човек во светот, додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код. „Секој може да го користи за што било, бесплатно“, објасни тој.

Содржината на некои статии на „Грокипедија“ одразува пристрасност, како и страницата посветена на Илон Маск.

Во воведните пасуси од резимето, платформата пишува дека шефот на „Тесла“ и „СпејсИкс“ „влијаел на дебатата“ на неколку теми, заработувајќи „критики од мејнстрим медиумите кои се наклонети кон лево ориентираното известување“.

Кога станува збор за движењето за граѓански права „Животот на црнците е важен“, „Грокипедија“ пишува дека тој „мобилизирал милиони луѓе“.

„Сепак, овие протести резултираа со немири, (…) најскапите во историјата на осигурувањето од штета на имот“, продолжува „Грокипедија“, без да спомене, како што прави „Википедија“, дека „огромното мнозинство протести организирани во 2020 година се одржаа во мирна атмосфера“.

Содржината на „Грокипедија“ е генерирана од вештачка интелигенција (ВИ) и генеративниот асистент за ВИ Грок, но секоја страница цитира повеќе извори.

Грок предизвика контроверзии пред неколку месеци откако даде антисемитски изјави, кои компанијата на Маск ги припиша на погрешна програма.

Прикажи повеќе...

Европа

Политико: Унгарија, Чешка и Словачка се обидуваат да формираат сојуз на скептици за Украина

Објавено пред

Унгарија се стреми да ги здружи силите со Чешка и Словачка за да формира блок од земји во Европската Унија кои се скептични кон понатамошна помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува Политико.

dobivaj vesti na viber

Балаш Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според него, целта е да се координираат ставовите пред состаноците на лидерите на ЕУ, што вклучува одржување состаноци пред самите самити.

Иако сè уште не е постигнат силен политички сојуз, неговото формирање би можело значително да ги комплицира напорите на ЕУ да обезбеди финансиска и воена поддршка за Украина, наведува Политико.

„Мислам дека тоа ќе се случи – и ќе стане сè повидливо“, рече Балаш Орбан, кога беше прашан за можноста за формирање блок на скептици за Украина во Европскиот совет.

Тој потсети на моделот на соработка на таканаречената Вишеградска група на четворката (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) за време на мигрантската криза. „Тоа функционираше многу добро за време на мигрантската криза. Така успеавме да се спротивставиме“, рече тој, осврнувајќи се на периодот по 2015 година, кога евроскептичната партија „Право и правда“ беше на власт во Варшава.

Според „Политико“, новиот сојуз би се состоел од три, а не од четири члена. Сегашниот полски премиер од централно-десничарската партија, Доналд Туск, е цврсто проукраински ориентиран и веројатно нема да се приклучи на каков било сојуз со унгарскиот премиер.

Унгарскиот премиер, кој е на власт во последните 15 години, се соочува со борба за реизбор следната година. Според анкетата на јавното мислење на која се повикува изданието, партијата „Тиса“ на лидерот на опозицијата Петер Маѓар во моментов е попопуларна од партијата „Фидес“ на Орбан.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Метеоролог од Јамајка: Ова би можело да биде невиден настан

Објавено пред

Иако Јамајка доживеала разорни урагани, како што е ураганот Гилберт од категорија 4 во 1988 година, директниот удар од бура од категорија 5 би бил без преседан, рече Еван Томпсон од Метеоролошката служба на Јамајка. Мелиса се движи и многу побавно од Гилберт, што значи дека жителите ќе мора да бидат засолнети со денови, а некои заедници би можеле да бидат отсечени со недели.

dobivaj vesti na viber

Стравот е опиплив кај локалното население, извести Ројтерс. Дамијан Андерсон, наставник во градот Хагли Геп во Сините Планини, рече дека патиштата веќе се непроодни.

„Не можеме да се движиме. Исплашени сме. Никогаш порано не сме виделе нешто вакво да трае со денови“, рече тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет3 часа

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа3 часа

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет4 часа

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи „обична облека“ на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа4 часа

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа4 часа

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија14 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија18 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија19 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија21 час

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија22 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ23 часа

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија24 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ24 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ1 ден

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа1 ден

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија1 ден

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа1 ден

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....