Европа
Данците ќе добиваат покани да примат и трета доза вакцина
Од идната недела данските здравствени власти ќе почнат да канат голем број граѓани да примат трета доза од вакцината против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Магнус Хојнике.
Повик ќе добијат лицата што ја примиле втората доза пред шест и пол месеци, а првично ќе бидат повикани оние над 65 години, здравствените работници и постари работници, кои биле меѓу првите што примиле вакцина против Ковид-19, објанси министерот.
Регулаторното тело за лекови на Европската Унија соопшти дека оние со ослабен имунолошки систем како трета доза треба да добијат вакцина од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, но остави на земјите членки да одлучат дали пошироката јавност треба да добие дополнителна доза.
Во септември Данска почна да дава трета доза за згрижените во домовите за стари лица и за другите изложени на ризик од сериозни болести предизвикани од вирусот.
Нордиската земја ги укина последните ограничувања за коронавирусот во септември откога вакцинира голем дел од населението.
Досега, 75 проценти од населението е вакцинирано, а 2,2 процента од Данците добиле трета бустер-доза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.
Европа
Во борбена мисија загина екипажот на украински хеликоптер Ми-24
Екипажот на хеликоптер Ми-24 од 12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ загина за време на борбена мисија, објави бригадата на социјалните мрежи, како што пренесе Правда.
„Екипажот на хеликоптерот Ми-24 загина при извршување на борбена мисија. Ова е непоправлива загуба за авијацијата, за државата и за семејствата кои ги чекаа своите најблиски дома“, се вели во соопштението.
Околностите под кои загина екипажот не се откриени.
12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ е единица на украинската воена авијација која се наоѓа во градот Нови Калинив, регионот Лавов. Таа е директно подредена на Командата на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Европа
Орбан: Ароганцијата на Брисел е на врвот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ги коментираше најновите случувања во Брисел, опишувајќи ги со зборовите: „Ароганцијата на Брисел е на врвот“. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го критикуваше ставот на Европската Унија кон пристапувањето на Србија, а воедно рече дека Унгарија нема да учествува во финансирањето на Украина и е подготвена да остане во Брисел „колку што е потребно“ за да ја брани својата позиција, објави hirado.hu.
Критики за ставот кон Србија
Орбан се осврна на самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во среда, кој, како што рече, бил подготвен на таков начин што српскиот претседател дури и не дошол. Според него, ова не е изненадувачки бидејќи Србија, која е кандидат за членство од 2012 година, е „заглавена со години“ без конкретен напредок во пристапувањето, со изговори за проблеми со владеењето на правото. Унгарскиот премиер направи паралела со Украина, каде што претставниците на Брисел, како што забележа, не нашле слични пречки.
„Претседателот Вучиќ постапи правилно што не учествуваше во оваа претстава. И е срам за Унијата и бриселските бирократи кои го свикаа самитот што значаен дел од земјите-членки дури и не дојдоа во Брисел вчера“, рече Орбан.
„Нема да учествуваме во финансирањето на војната“
Коментирајќи ги денешните настани, тој нагласи дека ароганцијата продолжува. „Бирократите се колнат дека не можеме да си одиме дома додека не се реши финансирањето на Украина. Тоа е, финансирањето на војната“, напиша Орбан, цврсто наведувајќи дека Унгарија нема да учествува во ова.
„Ќе бидеме тука колку што е потребно. Неколку непроспиени ноќи не се крај на светот. Тоа е сигурно подобро од војна“, заклучи унгарскиот премиер.

