Свет
Дваесет и пет убиени и стотици повредени Палестинци на протестот на границата во Газа
Насилни судири избија доцна утрово меѓу палестинските демонстранти и израелските сили по должината на границата со Појасот Газа со Израел пред инаугурацијата на американската амбасада во Ерусалим, пренесува „Тајмс оф Израел“. Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас, соопшти дека 10 Палестинци загинале, а најмалку 500 се повредени на демонстрациите, што требаше да бидат најголеми во повеќенеделната кампања.
Израелската армија соопшти дека повеќе од 12.000 жители на Газа демонстрираат на 12 локации по должината на границата, а илјадници други се собираат на неколку стотина метри од оградата. Демонстрантите палат гуми, фрлааат камења и се обидувааат да дојдат до безбедносната ограда. Неколку запалени змејови беа насочени кон Израел. Едниот паднал во поле надвор од еден кибуц во близина на Мефалсим предизвикувајќи пожар. Израелските пожарникари и екипите за итни случаи се на местото на настанот.
ИДФ соопшти дека користи помалку смртоносно оружје за да ги потисне демонстрантите, како бојна муниција во определени случаи. Еден израелски војник бил лесно ранет и хоспитализиран.
Жителите на Газа се собраа во граничната област со намера да го организираат најголемиот протест во серијата антиизраелски протести. Израел соопшти дека по секоја цена ќе спречи евентуално пробивање на границата предупредувајќи ги демонстрантите дека ги загрозуваат своите животи.
Денешниот протест е дел од демонстрациите „Марш на враќање“ по должината на безбедносната ограда во Газа. Израел беше подготвен за собир на повеќе од 100.000 Палестинци, што би претставувало голема победа за терористичката група Хамас, која владее со Газа.
Безбедносната служба „Шин Бет“ рече дека Хамас, која се финансира од Иран, го поттикнува граничното насилство од страна на цивилите, особено децата и тинејџерите, за да си обезбеди покритие за потенцијални вооружени напади. Агенцијата ги наведе изјавите на заробени оперативци на Хамс.
ИДФ во неделата рече дека Хамас планира да ги охрабри масовните нарушувања на границата и дека нивната цел е масакр на Израелците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.

