Свет
Дванаесетгодишно момче во САД почина од глад, татко му го врзувал со синџир

Едуардо Посо требало да живее на Флорида со својата сестра, таткото и со маќеата и да оди на училиште. Но, наместо тоа, 12-годишното момче заврши во болница со знаци на долготрајно малтретирање, занемарување и глад. На 24 мај е прогласено дека е мртов, според Си-ен-ен.
Неговиот татко, Луис Посо (32), и маќеата Дајана Медина-Флорес (25), беа уапсени и обвинети за злоупотреба, занемарување и убиство на малолетник. Според локалните официјални лица, двојката долго време го изгладнувала Едуардо за време на нивниот престој во мотел во Блумингтон, Индијана.
Luis Posso 32 & his Wife Dayan Median Flores 25 (Indiana)had just got Son/ Stepson to the hospital hours before he would…
Posted by Charlie Bacardi on Четврток, 30 мај 2019
По обдукцијата, беше откриено дека Едуардо починал од глад и злоупотреба. Тој имаше модринки, рани и расеченици на телото. Според полициските докази, се чини дека во последните недели од животот тој бил затворен во бањата на мотелот, врзан со синџир за држачот за крпи и со кучешки ѓердан околу вратот. Станува збор за ѓердан за тренирање животни, што можел да предизвика благи електрични шокови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.