Контакт

Свет

Двајца загинати и најмалку 26 повредени во експлозија во Авганистан

Објавено пред

Две лица загинаа, а најмалку 26 беа повредени кога експлодира автомобил бомба во Авганистан, јави новинската агенција „Паџхвок“.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, експлозијата се случила во провинцијата Лагман во источен Авганистан, во близина на зградата на локалната администрација.

Двајцата убиени се војници. Повредени се уште шест воени лица и 20 цивили.

Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за експлозијата.

Свет

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Објавено пред

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во Форд Бронко кога нивното возило било удрено од друго возило во американскиот град Манчестер.

Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во која детално ја опишува сериозноста на неговите повреди: „Му беше дијагностицирана фрактура на торакален пршлен, повеќекратни посекотини и контузии, како и повреди на левата рака и долниот дел од ногата“, рече тој.

Полицијата потврди дека сите вклучени во несреќата биле однесени во болница со повреди кои не биле опасни по живот. Рагуса додаде дека несреќата се случила кратко откако Џулијани ѝ помогнал на жртва на семејно насилство која го запрела на патот.

„Градоначалникот Џулијани веднаш пружил помош и се јавил на 911“, се вели во соопштението.

Полицијата во Њу Хемпшир потврди дека нивните полицајци истражувале извештај за семејно насилство кога биле сведоци на судир на спротивната страна од патот. „Како резултат на судирот, двете возила слетале на зелениот појас и биле сериозно оштетени“, соопшти полицијата. Истражителите го идентификувале возачот кој е виновен, но не се поднесени обвиненија и истрагата е во тек.

Руди Џулијани го доби прекарот „Градоначалник на Америка“ откако го водеше Њујорк за време и по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Подоцна стана советник, а потоа и личен адвокат на Доналд Трамп, но нивната врска оттогаш заврши.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Објавено пред

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски канал „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Телевизиските снимки покажаа напуштен автомобил со еден скршен прозорец покрај руски јарбол во она што локалните медиуми го објавија како руски конзулат во предградието Вулахра во Сиднеј, пренесуваат медиумите.

Портпаролот на полицијата изјави дека едно лице е уапсено во врска со судирот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Проститутка бришела мртов маж со влажни марамчиња, го облекла, па побегнала, умрел од природна смрт

Објавено пред

56-годишен маж починал од природна смрт во гарсониера во градот Л’Аквила, Италија, каде престојувала 58-годишна проститутка. По неговата смрт, жената се обидела да го „постави“ телото, го избришала со влажни марамчиња и го облекла, а потоа замолила случаен минувач да повика брза помош и избегала.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил околу полноќ, пред две ноќи, на улицата Виа Стринела. Полицијата брзо ја лоцирала жената и ја реконструирала целата ситуација. Првичните наоди од истрагата покажуваат дека мажот починал од болест, без знаци на насилство.

Полицијата откри дека 24-годишен млад маж од Гвинеја повикал брза помош по барањето на жената, но тој нема никаква врска со смртта. Лекарите од итната помош можеле да ја потврдат смртта само по пристигнувањето на местото.

Иако првично се сомневаше на насилна смрт поради бегството на жената, обдукцијата потврди дека причината за смртта била природна. Во станот не се пронајдени дрога или други супстанции кои би предизвикале смрт. Телото му беше предадено на семејството за погреб.

Заменик-обвинителката Роберта Д’Аволио потврди дека жената нема да биде под истрага, бидејќи нејзините постапки немале влијание врз исходот. Сепак, можни се дополнителни проверки во врска со легалноста на активностите во станот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија11 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија14 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ15 часа

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија17 часа

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион19 часа

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет21 час

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија23 часа

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...

Скопје1 ден

(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците...

Скопје1 ден

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 дена

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје2 дена

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...

Македонија2 дена

Мицкоски жестоко му одговори на Филипче: Доста беше со итроштини, народот веќе не заборава, вие продадовте сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро одговори на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за нова декларација во Собранието за...

Македонија2 дена

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом –...

Македонија2 дена

Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го...

Македонија2 дена

Многу нервозни возачи на Табановце, за влез и за излез се чека околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози, но летните одмори предизвикуваат зголемена фреквенција на возила...

Топ2 дена

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение...

Економија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата....

Македонија2 дена

Филипчe: ВМРО-ДПМНЕ се гушка со ДУИ, ние ја научивме лекцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител категорично ја отфрли тезата дека неговата партија ја рехабилитира Демократската...

Македонија2 дена

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да...