Свет
Двајца загинати при судир на два воза во Германија
Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени кога два воза се судрија доцна синоќа во Германија, објави националната железничка компанија. Несреќата во која се судрија товарен и патнички воз во јужна Германија се случила на линијата помеѓу Инглоштат и Аугзбург во Баварска.
„Некои се сериозно повредени, а други имаат полесни повреди”, изјави портпаролот на „Дојче Бан“ за германската агенција ДПА.
Германската полиција соопшти дека биле повредени 14 лица.
Од компанијата нема дополнителни информации за можните причини за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Сите заложници ќе ги вратиме дома, живи или мртви
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на преостанатите заложници дома, откако претходно денеска беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас.
Тој истакна дека срцето му е „скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Ицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата. Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанијаху.
Претходно денеска потпретседателот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека се пронајдени телата на тројцата заложници киднапирани на музичкиот фестивал „Супернова“.
Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.
Меѓу пронајдените тела на заложниците е и телото на германско-израелската државјанка Шани Лук (22), која стана симбол на нападот на Хамас на музичкиот фестивал.
Војската ги идентификуваше другите две тела како 28-годишната жена Амит Бускила и 56-годишниот маж Ицак Гелерентер.
Свет
(Видео) Детали за експлозијата во Санкт Петербург, има повредени
На еден од универзитетите во Санкт Петербург се случи експлозија, пренесува РИА Новости.
Седум лица се повредени при експлозија на граната од Втората светска војна во подрумот на воената академија во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на Воениот округ Ленинград.
⚡️An explosion occurred at the Military Communications Academy in #SaintPetersburg.
According to Russian media, at least seven Russians were injured. pic.twitter.com/90qXLVdY1s
— KyivPost (@KyivPost) May 17, 2024
Според извештаите, детонацијата се случила при чистење на подрумот на академијата.
Седум припадници на армијата се повредени и сите се префрлени во болница на руското Министерство за одбрана, каде им е укажана неопходната медицинска нега.
Станува збор за граната со калибар 76 милиметри од Втората светска војна која се чувала во подрумот.
Свет
Експлозија на универзитет во Санкт Петербург
Експлозија се случи на еден од универзитетите во Санкт Петербург, пренесува РИА Новости.
Според претставникот на прес-службата на регионото во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки.
Сите служби излегоа на терен, а засега нема информации дали има повредени во експлозијата, пренесува медиумот.