Свет
Двајца странци приведени во Јужна Кореја за објавување закани на ѕидот на француската амбасада
Полицијата во Сеул уапси двајца странски државјани затоа што ставиле летоци со закани на ѕидот на француската амбасада во Јужна Кореја, објавија медиумите во понеделникот.
Според официјалната новинска агенција „Јонхап“, двајцата 25-годишни осомничени, чии имиња и националност не се откриени, се обвинети за поставување пет летоци со пароли поврзани со исламот на ѕидот на амбасадата во центарот на Сеул на 1 ноември.
„Полицијата ги истражува односите меѓу двајцата осомничени, нивните мотиви и можната поврзаност со тероризмот“, рече шефот на полициската агенција во Сеул, Јанг Ха-Јеон.
Јанг додаде дека полицијата го разгледува прашањето за зајакнување на безбедноста на другите странски дипломатски мисии во главниот град на Јужна Кореја.
Извештајот доаѓа во време кога Франција е во состојба на тревога поради зголемената исламска закана како резултат на неодамнешните терористички напади што ѝ се случија на европската нација минатиот месец.
На 16 октомври радикализиран тинејџер на периферијата на Париз обезглави професор по француски јазик за користење карикатури на исламскиот пророк Мухамад за едукативни цели. Во друг напад во Ница на 29 октомври исламист уби три лица во католичка катедрала.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нацијата е под терористички напад, ја зајакна безбедноста во Франција и нареди посилни контратерористички мерки за спречување на исламистичката закана.
Макрон исто така изрази поддршка за употребата на карикатури што го прикажуваат пророкот Мухамад како манифестација на слобода на говорот по бруталното убиство на професорот. Говорот на Макрон ги налути лидерите на исламските земји, како и муслиманските малцинства во светот, кои сметаат дека тоа е навредливо за оваа религија бидејќи карикатурите се забранети во исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

