Свет
Два и пол милиони верници на аџилак во Саудиска Арабија
Речиси два и пол милиони верници од исламска вероисповед учествуваа денеска во симболичното „каменување на ѓаволот“ за време на завршните денови на аџилакот во Саудиска Арабија.
Претходно, аџиите вчера се искачија на планината Арафат каде пророкот Мухамед ја одржал последната проповед пред околу 1.400 години, повикувајќи на еднаквост и единство меѓу муслиманите, пренесува агенцијата АП.
Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслимански верник треба да го направи барем еднаш во својот живот, доколку има средства за тоа.
Годинава аџилакот се паѓа во време на големи тензии во Заливот, каде во претходниот период имаше напади врз танкери со нафта, уривање беспилотни летала и запленети танкери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

