Свет
Два хеликоптера се судрија во Калифорнија при гаснење пожар, три лица загинаа
Три лица загинаа откако два противпожарни хеликоптери се судрија вчера во Јужна Калифорнија додека гаснеа пожар во округот Риверсајд, соопштија службите за вонредни состојби. Еден од хеликоптерите од несреќата слетал безбедно, пишува АП.
„За жал, вториот хеликоптер се урна и трагично загинаа сите тројца членови на екипажот, вклучително и шефот на противпожарната служба во Калифорнија, пожарникар и пилот“, изјави Дејвид Фулчер, шеф на противпожарната служба во Калифорнија, за време на денешната прес-конференција.
Фулчер не го откри идентитетот на загинатите.
Пожарот се проширил на вегетацијата, па на помош на пожарникарите им дошле два противпожарни хеликоптери. Хеликоптерите се судриле додека го гаселе пожарот. Несреќата предизвикала уште еден пожар кој зафатил четири хектари. И тој пожар бил изгаснат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Скандал на траект меѓу Франција и Британија: емитуван порнографски филм пред патници, децата врескале
На траект на релација Франција – Велика Британија, по грешка бил пуштен порнографски филм пред патниците, меѓу кои имало и деца, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил кон крајот на октомври, по завршување на преносот од трката во Формула 1 кој патниците го следеле во салонот.
Траектната компанија „ДФДС“ се извини и соопшти дека екипажот не знаел дека ќе се емитува таков содржина и дека каналот веднаш бил сменет кога биле предупредени. Каналот подоцна бил целосно отстранет од системот.
Очевидци изјавиле дека децата трчале врескајќи од салата и дека родителите побарале да се исклучи телевизорот.
Еден патник рекол дека ситуацијата била хаотична и дека луѓето биле вознемирени.
Свет
Украина првпат нападна со ракети „Фламинго“: експлозии во рускиот Орел
Во рускиот град Орел утринава одекнаа повеќе експлозии поради украински напад со далекуметни крстосувачки ракети „Фламинго“, што е нивна прва потврдена борбена употреба. Украинскиот Генералштаб соопшти дека биле изведени координирани удари врз неколку десетици руски воени и логистички цели на руска територија и на окупираните украински подрачја.
На објавените видеа се гледаат запалени фрагменти од ракети како паѓаат меѓу станбени згради и паркирани автомобили.
Украина потврди дека биле погодени цели на Крим, меѓу кои нафтен терминал, инфраструктура за беспилотни летала и радарски систем. Во окупираната Запоришка област биле таргетирани складишта нафта и командни пунктови на руските сили.
Генералштабот соопшти дека се користеле повеќе видови ново украинско далекуметно вооружување – „Фламинго“, „Барс“ и „Љутиј“.
Гувернерот на Орел прогласи воздушна тревога и повика граѓаните да останат во засолништа. Засега нема информации за жртви.
Ракетата „Фламинго“, претставена во август 2025 година, има домет над 3.000 километри и е опремена со боеви глави што можат да пробијат до 10 метри армиран бетон.
Свет
Кремљ: Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција
Москва, чиишто сили се обидуваат да го преземат Покровск во источна Украина, ја обвини украинската страна дека одбива да учествува во мировни преговори, додека Киев смета дека условите на Русија се неприфатливи и претставуваат барање за капитулација.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение и дека го сака мирот, но ако тоа не е возможно, ќе продолжи да се бори за сопствената безбедност.
Песков додаде дека Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција, бидејќи позицијата на киевскиот режим се влошува секој ден.
ТАСС претходно објави дека Русија е подготвена за продолжување на мировните разговори во Истанбул. Последната средба меѓу делегациите се одржа на 23 јули и траеше само 40 минути.

