Свет
Две историски фотографии ги откриваат двата стила на претседателите Трамп и Обама
Фотографии снимени во Белата куќа ја покажуваат различноста во стилот на двајцата претседатели на САД, Барак Обама и Доналд Трамп, оценува „Асошиетед прес“.
Се работи за фотографии снимени во моментите на смрт на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, и осум години претходно во моментите кога беше убиен лидерот на Ал каеда, Осама бин Ладен.
Белата куќа вчера објави фотографија од Трамп опкружен од петмина високи советници за безбедност додека ја надгледуваат операцијата на американската војска во Идлиб, Сирија, во која загина Багдади. На фотографијата се прикажани шестмина мажи во темни костуми и униформи како позираат гледајќи со строги погледи, опишува АП. Притоа претседателскиот грб на фотографијата е видлив точно над главата на Трамп.

Фотографијата, како што наведува АП, повикува на споредба со снимката од истата кризна соба во Белата куќа, чиј официјален назив е Конференциска сала „Џон Ф. Кенеди“, на која во мај 2011 година претседателот Барак Обама, опкружен со соработници, ја надгледува операцијата на американските маринци, во која беше убиен Бин Ладен.
На таа фотографија, како што наведува АП, снимените актери не позираат, прикажани се 13 целосно или делумно видливи лица околу пренатрупана маса. Обама на фотографијата носи поло-маица и лесен мантил, со најекспресивно лице на снимката е државната секретарка Хилари Клинтон, со раката на устата, а покрај неа седи министерот за одбрана, Роберт Гејтс.

Фотографијата на Трамп, со претседателот во центарот и сериозниот израз на лицето, повеќе е формална и има цел да го потенцира претседателскиот интерес да искаже моќ и величественост од неговата канцеларија, додава АП. Агенцијата исто така додава дека фотографијата прикажува мал круг на советници, во кои тој (Трамп) има доверба.
Единствениот детаљ што ја нарушува формалноста на оваа фотографија, како што се наведува, е големиот број кабли и компјутери на масата пред шестемина.
Помалку формалната фотографија на Обама, според АП, покажува неизвесност, како и дека поради големата метеж во кризната соба, претседателскиот грб е едвај видлив. Според агенцијата, се чини дека собата преполна со луѓе, кои ја надгледуваат операцијата во Пакистан кога беше убиен Бин Ладен, ја одржува интересот на Обама да добие поширок спектар на опции од поскап советнички тим, заклучува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА
Свет
Зеленски им нуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им понуди размена на оружје на американските сојузници на Блискиот Исток. Тој потврди дека, во замена за некои од нивните ракети за воздушна одбрана, е подготвен да им испрати украински напредни пресретнувачи на беспилотни летала, за да можат тие земји подобро да се заштитат од иранските напади со беспилотни летала.
Нападите на Израел и САД врз Иран предизвикаа ирански одмазднички напади низ целиот регион, вклучително и напади со беспилотни летала.
Русија користи ирански дизајнирани беспилотни летала Шахед за време на четиригодишната инвазија на Украина, а Киев разви серија евтини и ефикасни пресретнувачи на беспилотни летала, авиони дизајнирани да уништуваат дојдовни беспилотни летала во воздух, за кои тврди дека се меѓу најдобрите во светот.
Во исто време, Украина се соочува со недостиг од ракети за воздушна одбрана PAC-3, скапа муниција што се користи за соборување на дојдовните руски ракети за одбрана на украинските градови и клучна инфраструктура.
„Прашањето број еден е како да го заштитат своето небо. И ние самите живееме со тоа прашање“, призна Зеленски.
„Ајде да разговараме за оружјето што ни недостасува: ракети PAC-3, ако ни ги дадат, ние ќе им дадеме пресретнувачи“, нагласи тој.
фото/ Depositphotos
Свет
Нетанјаху: Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи жестоко да го напаѓа Иран и дека ќе одговори со уште поголема сила против проиранското движење Хезболах во Либан.
„Продолжуваме жестоко да го напаѓаме Иран. Нашите пилоти летаат над Иран и Техеран, како и над Либан. Хезболах направи огромна грешка со тоа што нè нападна. Веќе одговоривме со сила и ќе одговориме со уште поголема сила“, рече шефот на израелската влада за време на посетата на воздухопловната база Палмахим во централен Израел.
Израелската војска објави дека денес започнала серија напади врз инфраструктурата на Техеран, четвртиот ден од војната што ја води со САД против Исламската Република.
„Воздухопловните сили започнаа серија напади од големи размери врз инфраструктурата што му припаѓа на иранскиот терористички режим во Техеран“, се вели во соопштението на војската.
Новинската агенција „Тасним“ објави дека американски и израелски воени авиони го погодиле центарот на Техеран. Израелската војска, исто така, соопшти дека нападнала погони за производство на балистички ракети низ целиот Иран.
„За време на нападите низ Иран, израелската војска ги таргетираше индустриските погони што ги користи иранскиот режим за производство на оружје, особено балистички ракети“, се вели во соопштението.
Армијата прецизираше дека целта биле десетици локации во Исфахан во централен Иран, поврзани со мрежата на балистички ракети, особено лансери и магацини.
фото/Depositphotos

