Свет
Деветмина загинати поради истекување гас во фабрика во Индија
Девет лица загинаа, а 11 се хоспитализирани по истекување на гас во фабрика во градот Лудијана во северната индиска држава Пенџаб, објави денеска државната новинска агенција АНИ.
Агенцијата наведува дека на местото на несреќата пристигнала екипа на Националните сили за одговор при катастрофи.
Полицијата патролира низ градот носејќи маски за лице и ги предупредува жителите да се држат подалеку од загадената област, објавија медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Серија земјотреси на југот на Италија, најсилниот 4,4 степени
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.
Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол.
Свет
Најмалку 10 лица се повредени во удар на гром во Дрезден
Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме во Дрезден.
Две лица мораа да бидат реанимирани, изјави за Билд портпаролот на противпожарната служба Мајкл Клер.
Десетици спасувачи беа распоредени вчера попладне во Розен Гарден, популарна дестинација за екскурзии на брегот на Елба, а хеликоптер беше искористен за пребарување на брегот за да се утврди дали има уште повредени.
Свет
Во Полска се уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија
Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија.
„Во моментов имаме девет осомничени уапсени и обвинети за извршени акти на саботажа во Полска, директно во име на руските служби“, изјави Туск во понеделникот за телевизијата ТВН24.
Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува со други земји во истрагата, вклучувајќи ги Литванија, Латвија и Шведска.