Свет
Девојка испратила порака од камионот на смртта: „Не можам да дишам, мамо, те сакам“
Прости ми, мамо, умирам, не можам да дишам, напишала Виетнамка, која веројатно била во камионот на смртта, каде што 39 лица во средата беа пронајдени мртви.
Шест виетнамски семејства стравуваат дека нивни роднини се меѓу жртвите иако првично полицијата објави дека станува збор за Кинези, но подоцна се огради од споделување информации за националноста на жртвите.
Осум жени и 31 маж беа пронајдени мртви, а една од нив веројатно е и 26-годишната Виетнамка Фам Таи Тра Мај.

Патувала од Виетнам во Кина, па во Франција, каде што, според информациите на нејзиното семејство, со преостанатите се качила во камионот кон Велика Британија.
„Прости ми мамо. Моето патување не успеа. Те сакам. Умирам бидејќи не можам да дишам“, напишала таа вечерта во вторникот два часа пред да почине.

„Мојата сестра исчезна на патот кон Велика Британија. Загрижени сме дека можеби била во контејнерот“, изјави Фам Нгок Туан за Би-би-си споделувајќи ја пораката што им ја испратила Мај.
Семејството тврди дека Мај на шверцерите им платила 30.000 фунти за патот од Кина во потрага по подобар живот.
Нејзините најблиски проговорија кога во петокот брачен пар беше приведен по претрес во домот и осомничен за убиство и трговија со луѓе. Дополнително, вечерва, приведено е уште едно лице, а возачот на камионот уште од средата се наоѓа во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин за војната во Иран: загриженост за ризик од ширење на конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со четири клучни лидери на земјите од Персискиот Залив, предупредувајќи на опасноста американските и израелските напади врз Иран да ескалираат во поширок регионален конфликт, објави CNN.
По разговорите со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и носи катастрофални последици“.
„Ова е исклучително опасно“
Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.
Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, објави Кремљ.
Загриженост за вклучување на трети земји
Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вклучување на трети земји“ во телефонски разговор.
Рускиот претседател, според Кремљ, разговарал и со кралот на Бахреин.
Фото: ЕПА
Свет
Иран со предупредување: Ќе биде нападната која било американска база во Европа доколку е потребно
Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми.
„Иран ќе нападне која било американска база во Европа“
Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб. Тој додаде дека Иран „е земја која е способна да одговори и да реагира“, објави „Скај њуз“.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани. Ова следеше по одбивањето на Шпанија да им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, што ги натера САД да повлечат неколку авиони KC-135 од своите бази во Кадис и Севиља.
Американските разорувачи „Балкли“ и „Рузвелт“, кои го напуштија Кадис минатата недела, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија САД.
Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „сухој Су-24“ од руско производство.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нетанјаху се појави за прв пат по нападот врз неговиот кабинет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета.
Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“.
Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините предизвикани од нападот.
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu said, ‘You can see the difference: the tyrants in Tehran target civilians, while we target the tyrants of Tehran to protect civilians.’ pic.twitter.com/hCkb371vDb
— ME24 – Middle East 24 (@MiddleEast_24) March 2, 2026
Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, загинаа најмалку девет лица, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA).
Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авесалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето.
„Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед.
Ракетата погоди станбена зона во градот, ја уништи синагогата и предизвика голема штета на јавното засолниште и околните куќи, според медиумот.

