Контакт

Свет

Девојчето што се роди под урнатините во Сирија живее со роднините; „Ја дојам заедно со моето бебе“, раскажа тетка ѝ

Објавено пред

Приказната за бебето родено под урнатините, чијашто мајка почина, го обиколи светот кога земјотресите ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија на 6 февруари.

dobivaj vesti na viber

Целото нејзино семејство загина кога куќата се урна врз нив, а бебето го зел близок роднина кој живеел во близина.

Бебето веќе наполни 40 дена – традиционално време за славење во Сирија на семејството. Девојчето сега живее со новата поширока фамилија – тетката по татко Хала (31) и нејзиниот сопруг и децата во мал камп.

Има шест нови братучеди. Најстарата е десетгодишната Мал, а најмладата е едномесечното бебе Ата, кое се роди два дена по Афра.

Семејството ги угости новинарите во нивниот шатор за да зборуваат за денот кога се родило бебето, како го нашле во урнатините и нивната тага поради губењето на нивните роднини.

Халил, сопругот на тетката на бебето Хала, бил буден кога се случиле земјотресите. Две од нивните деца исто така биле будни и тој седел со нив.

Халил вели дека бил сигурен оти куќата на нивните роднини се урнала кога ги погодил првиот земјотрес. Истрчал надвор и ги потврдил сомнежите. Тие веднаш почнале да копаат, прво со раце, а потоа и со опрема што им ја позајмил пријател од Идлиб. Во еден момент некој му пришол и му кажал дека пронашле женско тело и го прашал дали може да ја идентификува.

Откако го идентификувал телото на мајката, слушнал звуци од под урнатините и накратко се надевал дека еден од нив е жив, но набрзо сфатил дека звуците доаѓаат од бебе. Извадиле доволно урнатини за да го извлечат бебето и вџашен Халил ја држел додека некој трчал да земе нож за да ја пресече папочната врвца.

„Дотогаш знаев дека остатокот од семејството е мртво, па го грабнав бебето и истрчав во воената болница во Јандарис да се обидам да ја спасам. Мојата сопруга во тоа време беше во поодмината бременост. Таа се породи два дена подоцна и не можеше да дојде, па со мене дојде нашиот сосед. Во воената болница ни рекоа дека бебето изгледа добро и дека само треба жена да го дои, но тоа што го кажаа за мене немаше смисла. Затоа отидовме во Африн и најдовме доктор кој се грижеше за неа додека не ја донесеме дома. Таму престојуваше со денови под нивна грижа“, рече Халил.

Бебето го доби името Аја од болничкиот персонал, а деновите по раѓањето беше во инкубатор во болницата Џехан. Имала три скршени ребра и прашина во белите дробови бидејќи е родена под урнатините.

Таа го добила името Афра, по мајка си, кога пристигнала во нејзиниот нов дом.

„Ја носиме во болница на редовни контроли, но нејзината општа состојба е добра. Ги дојам двете девојчиња… Никогаш не би се откажала од Афра. Афра ми е роднина. Мојата крв. Многу луѓе сакаа да ја посвојат, но ние не дозволивме. Ќе се грижиме за неа како за нашите сопствени деца“, изјави Хала.

Халил се чувствува исто како Хала.

„Го сакав роднината, сите го сакаа, ќе се грижиме за неговата ќерка како да е моја. Семејството на нејзиниот татко сакаше да ја посвои, но јас одбив. Разговарав со нејзиниот дедо и баба и тие ни дадоа благослов да се грижиме за неа“, изјави Халил, пренесоа медиумите во Турција.

Постои опипливо чувство на возбуда за Афра во семејниот шатор. Не само затоа што остана единствената од многудетното семејство, туку можеби и затоа што штотуку се вратила од болницата каде што ја однел Халил бидејќи неколку дена претходно имала потешкотии со дишењето.

„Бев пресреќна кога моите родители ја донесоа Афра дома. Таа е моја братучетка“, изјави осумгодишната Доа.

Свет

Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.

dobivaj vesti na viber

„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.

Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.

Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.

За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.

„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане

Објавено пред

Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.

Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.

Прикажи повеќе...

Свет

Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување

Објавено пред

Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.

Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија14 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија15 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ17 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија18 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет19 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет20 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет20 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион21 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет21 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...