Свет
Девојче силувано во комплексот на американската амбасада во Њу Делхи
Индиец на возраст од 25 години е уапсен за силување петгодишно девојче кое се случило во комплексот на американската амбасада во Њу Делхи.
Случајот во полиција го пријавиле родителите на девојчето, а мажот бил уапсен во неделата, соопшти полицијата.
Девојчето, кое било нападнато во саботата наутро, е во стабилна состојба и лекарите потврдиле дека е силувана, пренесува Би-би-си.
Семејствата на девојчето и на напаѓачот добро се познавале и двете живеат во комплексот на амбасадата каде работат татковците како членови на локалниот персонал.
Обвинетиот, кој е возач по професија, не бил вработен во американската амбасада.
Инспекторите изјавиле дека напаѓачот го привлекол девојчето во неговиот стан кога ја видел како си игра надвор. Неговите родители не биле дома во моментот на нападот, пренесува „Танјуг“.
Кога се вратило дома, девојчето раскажало што се случило на својата мајка, која веднаш ја однела во болница, каде лекарите потврдиле дека е силувана, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека мажот сега е под истрага според строгиот закон за заштита на децата во Индија.
Во 2018 година владата воведе смртна казна за силување деца, по случаите со силување и убиство на осумгодишно дете и силување на 16-годишно девојче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.