Свет
Декретот за миграција на Салвини ги забранува хуманитарните дозволи за престој
Популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салдини, издаде впечатлив декрет за миграција со кој ќе бидат укинати дозволите за престој од хуманитарни причини и ќе им бидат укинати финансиските средства на центрите за депортација.
Новиот декрет за миграција, кој беше усвоен едногласно во италијанската влада, ги комбинира аспектите на миграциската политика заедно со другите безбедносни одредби за справување со левичарските активисти и италијанската мафија, пренесува „Ил џорнале“.
Една од главните точки на декретот е укинувањето на дозволите за престој од хуманитарни причини за барателите на азил, кои не се квалификуваат според нормалните правила за азил.
Декретот го оправдува укинувањето на дозволите за престој велејќи дека тие се користат многу полиберално во Италија отколку во други земји и ќе ги замени со нови, кои ќе ги опфатат мигрантите со специфични здравствени проблеми, оние што бегаат од природни катастрофи, а ќе има и дозволи за граѓанска заслуга што може да се трансформираат во работни визи.
Откако во предизбирната кампања вети дека ќе депортира 500.000 нелегални имигранти, Салвини работи на подобрување на системот за депортација и најави дека деновиве ќе го претстави планот за депортација по неодамнешно масовно зголемување на бројот на мигранти осомничени за кривични дела.
На безбедносен аспект декретот дозволува одземање на државјанството на мигрантите што се вклучени во терористички активности, а предвидува и мерките против мафијата и организираните криминални групи бидејќи Салдини планира да го зголеми персоналот во Националната агенција за администрација и упатување запленети и конфискувани средства од организиран криминал (ANBSC). Декретот исто така цели кон остри мерки за левичарските активисти и диводоселените Роми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

