Свет
Демонстрантите во Вирџинија искршија четири статуи на Конфедерацијата
Демонстрантите во Вирџинија обезглавија четири статуи на Конфедерацијата и урнаа друга статуа со јаже за влечење во средата вечерта, пренесува „Вирџиниан пајлот“. Фотографиите и видеата објавени на „Твитер“ покажуваат демонстрант како удира со чекан врз главата на една од статуите на споменикот на Конфедерацијата во Портсмут, кој е изграден кон крајот на 1800 година и се вели дека е поставен на местото каде што биле камшикувани робови.
Градскиот совет на Портсмут закажа рочиште на 28 јули за да донесе одлука за судбината на споменикот по барањата тој да биде преместен, но демонстрантите ги зедоа работите во свои раце собирајќи се пред споменикот и боејќи го со спеј во црна, зелена и црвена боја.
Тие го испишувале името на Џорџ Флојд, Афроамериканецот од Минеаполис, чие убиство поттикна глобален протест против расната неправда. Толпата се зголемила до 20 часот, а едно лице фрлило кофа со жолта боја врз споменикот, а други фрлале шишиња со вода. На еден клип е прикажан човек што врзал јаже околу една од статуите соборувајќи ја додека свирела музика, а демонстрантите пееле.
Еден демонстрант е повреден при падот на статуата бидејќи јажето очигледно пукнало, но демонстрантите продолжиле да се обидуваат да ги рушат статуите употребувајќи и сечила.
Демонстрантите на 73-годишниот ветеран од Виетнам, Џон Хукс, му дале меч и пушка откорнати од споменикот.
„Чувствата ми се измешани. Ова е местото каде што нè продадоа во ропство“, вели Хукс. „Ни ја државте ногата врз вратот проклети 401 година“, додаде тој.
Подоцна, едно американско знаме беше запалено и врзано за споменикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.