Европа
Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за континуираниот конфликт во Украина, одбранбените капацитети на блокот и зголемените тензии на Блискиот Исток. Министрите за надворешни работи треба официјално да го одобрат 17-от пакет санкции на Европската Унија против Москва поради војната на Русија во Украина, а ќе се фокусираат на таканаречената руска флота во сенка.
Станува збор за бродови што пловат под знамиња на трети земји, кои Русија ги користи за да избегне санкции.
Лични санкции како што се забрана за влез во Европската Унија и замрзнување на средства се предвидени во повеќе од десет случаи. Исто така, постојат планови за казнување на неколку десетици компании вклучени во избегнување на руските санкции.
Се очекува украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха да се сретне со своите европски колеги преку видео врска откако разговорите меѓу украинските и руските претставници за прекин на огнот предложен од Киев не дадоа конкретни резултати.
Министрите за надворешни работи ќе разговараат за најновите случувања на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Појасот Газа и Сирија. Министрите за одбрана ќе започнат со дискусија за воената поддршка на Унијата за Украина, која е разорена од војна. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ќе се приклучи на разговорите преку видео врска, а се очекува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, лично да учествува во Брисел.
Министрите за одбрана ќе разговараат и за тоа како да се подобрат европските одбранбени капацитети и да се зголемат воените трошоци, вклучително и предлог за фонд за одбрана од 150 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.