Контакт

Свет

„Денес Украина е нападната, утре некој друг дел од Европа, Русија нема да застане“: шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска

Објавено пред

Пред 75 години, во Вашингтон беше потпишан основачкиот договор на НАТО за да се обезбеди безбедноста на нашата територија, безбедноста на нашиот народ и зачувувањето на нашите заеднички вредности: индивидуалната слобода, човековите права, демократијата и владеењето на правото.

dobivaj vesti na viber

Оттогаш НАТО стана најуспешниот одбранбен сојуз во историјата гарантирајќи ја слободата на 32 земји членки во Европа и Северна Америка.

Но, денес овие вредности се тестираат како никогаш досега, се вели во заедничката статија за „Политико“ на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сејурн, и полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски.

Во статијата тие велат дека повеќе од две години Русија не само што води неоправдана и незаконска агресивна војна против Украина туку и рускиот претседател Владимир Путин, одново и одново, јасно стави до знаење дека неговите империјални амбиции се протегаат многу подалеку од Украина.

Затоа, додека ја славиме годишнината на НАТО, не смееме да бидеме самозадоволни. Наместо тоа, мора да живееме со фактот дека овој момент може да ја дефинира иднината во која ќе живеат нашите деца.

Во текот на изминатите две години Европа и Северна Америка беа обединети и непоколебливи против руската агресија. Заедно ја поддржавме самоодбраната на Украина со помош од над 200 милијарди евра, при што ЕУ и нејзините земји членки обезбедуваат приближно две третини од вкупната помош доделена на Киев досега.

Нашата поддршка ќе продолжи онолку долго колку што е потребно и интензивно колку што е потребно.

Ја поддржуваме Украина да ја брани нашата слобода и безбедност, но инвестираме и во нашите сопствени сили во Европа. Денес Украина е нападната – утре може да биде некој друг дел од Европа. А Русија во догледна иднина нема да престане со својата агресивна и империјалистичка политика.

Затоа, на неговата 75-годишнина го повторуваме основачкиот принцип на НАТО: Нападот врз еден од нас се смета за напад врз сите. Еден за сите и сите за еден. Заедно ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО и ќе застанеме обединети против секоја идна руска агресија, пренесува медиумот.

Путин со години шири лаги и лажни приказни за да ја оправда својата војна. Еден од тие наративи е дека НАТО е закана за Русија. А спротивното е точно: денес нациите повторно се приклучуваат на НАТО затоа што се чувствуваат загрозени од Русија.

Финска и Шведска долго време имаат горда традиција на неутралност. Меѓутоа, по инвазијата на Путин на мирниот сосед, тие го искористија своето суверено право слободно да избираат сојузи и сега ги зајакнаа нашите редови.

За Европа да биде во мир, рускиот империјализам мора да се запре. Не можеме да дозволиме никакви сиви зони затоа што Путин ги гледа како покана за поткопување на територијалниот интегритет и суверенитет, исцртување замислени линии на картата и, на крајот, употреба на воена сила.

Целосната инвазија на Путин на Украина исто така докажа дека политиката на отстапки кон Русија, со надеж дека може да го врати мирот или стабилноста на континентот, е наивна.

Ова е причината зошто европските сојузници треба да го преземат својот фер дел од колективниот товар на НАТО и да покажат подготвеност да преземат поголема одговорност за одбраната на Европа. Трајната трансатлантска врска останува основата на нашата безбедност, а ние Европејците мора да се справиме со некои од најитните празнини, кои станаа болно очигледни во текот на изминатите месеци и години: празнините во способностите, подготвеноста на нашите сили, производствениот капацитет, логистиката, стандардизацијата и компатибилност.

САД долго време носат поголем товар од остатокот од нашата алијанса. Но, колективната одбрана е наш заеднички напор. Во овој поглед ја потврдуваме важноста од посилна и поспособна европска одбрана, која позитивно придонесува за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна и интероперабилна со НАТО“, се наведува во статијата на тројцата функционери, која ја пренесува „Политико“.

Свет

Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

dobivaj vesti na viber

Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.

„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.

Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.

Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.

dobivaj vesti na viber

„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.

Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени

Објавено пред

Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.

На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.

Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.

Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија6 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ7 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија9 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија10 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ10 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија11 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет12 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија12 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија12 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион13 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет14 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет14 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет15 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа15 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...