Свет
Денот на жената проследен со протести во светот поради родовата нерамноправност
На Меѓународниот ден на жената во светот денеска се одржуваат протести на жените поради нерамноправноста, при што во Шпанија се откажани голем број линии на возови во пресрет на најавениот штрајк на вработените во железниците. Над 300 воза нема да сообраќаат, соопшти шпанското Министерство за сообраќај, а нарушување во возниот ред е најавено и кај мадридското метро, пренесе Би-би-си.

На овој 24-часовен штрајк повикаа 10 синдикати. Феминистичките групи ги повикаа жените да трошат пари и на еден ден да ги запостават домашните работи. Две од пет министерки во шпанската конзервативна влада, министерката за земјоделство, Изабел Гарсија Техерина, и претседателката на мадридскиот регион, Кристина Сифуентес, најавија минимална работа за денешниот ден.

Во Кина студентите на престижниот Универзитет „Цингуа“, Меѓународниот ден на жената го одбележуваат со транспаренти со хумористична содржина на тема за предложениот уставен амандман за отфрлање на ограничувањето на претседателот на земјата.
Истовремено, стотина активистки во розови и виолетови кошули протестираа на Филипините против претседателот Родриго Дутерте за кого тврдат дека е меѓу најлошите прекршители на правата на жените во Азија.
Собир во знак на одбрана на правата на работничките е закажан во центарот на Сеул, а слични протести се планирани во Азија, на Блискиот Исток, Европа и на американскиот континент.
Меѓународниот ден на жената се одбележува во знак на сеќавање на демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и маршот на над 15.000 жени во Њујорк, кои бараа кратење на работното време, подобри плати и право на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

