Свет
Десетина загинати во експлозија во фабрика за фосфати во западен Египет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/21-египет.jpg)
Десетина работници загинаа, а седум други се повредени откако експлодирал резервоар во фабрика за фосфати во западен Египет, пренесува „Спутник“.
Инцидентот се случил во туристичкиот град Аин Сохна, во регионот Суец. Резервоарот за складирање на фосфати, наводно, експлодирал за време на неговото пробно пуштање во функција.
Пожарникарите успеале да го совладаат огнот по експлозијата. Трагичниот инцидент, наводно, бил предизвикан од истекување гас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/zelenski-ukraina.jpg)
Лидерите на земјите членки на НАТО никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи мировен договор со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но никогаш не и беше дадено ветување на Украина дека како дел од мировниот договор ќе стане дел од НАТО“, изјави Руте за новинарите, пренесе Ројтерс.
Нападот на Русија врз Украина започна на 24 февруари 2022 година, по што украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата сака да стане членка на НАТО, пренесува Танјуг.
Свет
Носач на авиони на американската морнарица се судри со брод кај Египет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_47-67ae29e4ea5c7.jpg)
Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.
Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М во средата доцна навечер кај Порт Саид во Египет.
„Судирот не го загрози „Хари С. Труман“ и нема извештаи за повредени. Погонските постројки не се погодени и се во безбедна и стабилна состојба“, се наведува во соопштението.
Свет
Напаѓачот во Минхен е од Авганистан кој на германската полиција и бил познат по грабежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/edfc61b7-e259-4e0f-9508-a2bce59acb30.jpg)
Возачот на автомобил кој утринава удри во луѓе собрани на протестот во Минхен, при што беа повредени најмалку 30 лица, од кои неколку тешко, е 24-годишен Авганистанец кој од претходно и бил познат на полицијата, а властите сметаат дека се работи за напад со цел.
„Веројатно станува збор за напад. Мораме да се соочиме со уште еден напад неколку недели по нападот во Ашафенбург“, изјави баварскиот премиер Маркус Содер за новинарите на местото на настанот во центарот на Минхен, алудирајќи на нападот со нож пред неколку недели во кој Авганистанец уби две лица.
Содер го повтори своето барање за „политичка акција“.
„Нешто мора да се промени во Германија и тоа брзо. Не можеме да живееме од напад во напад“, рече претседателот на ЦСУ.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека возачот на автомобилот кој удри во протестот на синдикатот, е 24-годишен Авганистанец, бил барател на азил, кој во 2016 година бил во екот на мигрантската криза, веројатно преку т.н. Балканските рути, пристигнати во Германија.
Тој веќе дошол во конфликт со полицијата поради кражби и поседување нелегални дроги, а веќе требало да биде протеран од Германија. Порталот „Шпигел онлајн“ наведува дека осомничениот пред нападот ширел исламистичка содржина на социјалните мрежи.
Херман рече дека неговото протерување „не е можно“, но не даде детали.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во својата прва реакција на настанот во Минхен рече дека осомничениот сторител „мора да ја напушти земјата по секоја цена“.
Властите не веруваат дека овој напад е поврзан со Минхенската безбедносна конференција, која почнува утре и каде се собираат светски државници.
Настанот во Минхен најверојатно дополнително ќе ја интензивира дебатата за ограничување на миграцијата, која доминира во изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Германија на 23 февруари.