Свет
Десет држави во светот што нема да постојат за 100 години
Во текот на историјата паѓале многубројни царства и држави, исчезнувале нации или се трансформирале, а тој процес сè уште не е готов. Политички аналитичари објаснуваат дека поимот нација, односно држава, не е траен, а секако ниту вечен.
Иако државите најчесто исчезнувале, така што биле освојувани и поделени меѓу нивните непријатели, се чини дека земјите во иднина ќе имаат проблеми порано од другите, кои ќе ги раздвојат, односно уништат.
Од закани што ги подигнаа морските нивоа до културни и етнички поделби внатре во самото општество, прашање е дали овие 10 држави ќе преживеат во сегашните изданија во наредните 100 години.
Холандија
Ефектите од климатските промени предизвикани од глобалното затоплување дејствуваат разорно на тропските острови, но тешко е да се замисли дека тие може да им нанесат штета на европските држави. Токму поради овие факти, глобалното затоплување е прашање на опстанок за Холандија, која со години се бори со растечкото ниво на морето.
Северна Кореја
Со оглед дека оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 40-тите години, се чини дека е само прашање на време кога незадоволството внатре во општеството ќе кулминира и експлодира.
Белгија
Иако оваа држава е дом на Европската Унија, самата Белгија нема да биде обединета за 100 години. Таа е поделена во судирите поради поделбата по етничко прашање на Фламанците и Валонците. Поради расетчката напнатост, голем број аналитичари предвидуваат дека до поделба на земјата ќе дојде во следните 20 години.
Малдиви
Оваа островска нација лоцирана меѓу Индија и Африка се соочува со сериозна опасност од потонување. Заканата стана толку голема што експретседателот на државата разгледуваше опција за купување земја во Јужна Азија, каде што би го преселил целото население ако продолжи да расте нивото на морето. Според прогнозите, Малдиви е првата земја што ќе исчезне поради глобалното затоплување, што би можело да се случи во 2085 година.
Обединето Кралство
Со оглед дека се работи за унија на разни држави, во кои постои силна волја за независност, можен е распад во оваа светска сила. Шкотска имала неуспешен проект за независност во 2014 година. Кога Велика Британија минатата година одлучи да излезе од Унијата, тој чекор не беше прифатен од сите држави. Поради тоа, се верува дека некои држави ќе излезат од Обединетото Кралство, што би се случило во наредните 20 години.
Ирак
Во воена состојна од 2011 година, оваа држава е вистински пример за секојдневно распаѓање. По егзекуцијата на Садам Хусеин, кој ја држеше земјата обединета, населението денеска е жестоко поделено. Ирак е поделен на сунити, Курди и на шиити.
Кирибати
Оваа островска држава, која се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, до 1979 година била британска колонија, а ја сочинуваат три сосема одделни островски групи растурени на голем простор на Тихиот Океан – Гилберт, Феникс и Лине. Претседателот на државата бараше помош од Нов Зеланд и од Фиџи да почнат со прифаќање луѓе од Карибати како постојани бегалци.
Шпанија
Кога ја погоди економска криза во 2008 година, Шпанија направи толку штети што ја доведе земјата до самиот раб на распад, а сè уште не закрепнала од тоа. Каталонија планира да стекне независност со голема поддршка во јавноста. Во северниот дел од земјата е баскискиот регион со своите терористички ќелии.
САД
Американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот, уште од Граѓанската војна. Во 2012 година сите 50 држави добија илјадници писма од своите граѓани кои бараат изземање од унијата. Ако не се случи нешто што ќе ја обедини земјата, големи се шансите САД да се променат, а најверојатно Алјаска и Тексас први ќе се одвојат.
Кина
Иако Кина има најголема економија во светот и силна војска, тоа не значи дека е заштитена од колапс во следните 100 години. Има и огромен проблем со еколошко загадување. Се предвидува дека земјата може да остане без вода за пиење до 2030 година. Се верува дека земјата во овој облик не би издржала до 2050 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хашим Тачи тврди дека е целосно невин и бара ослободување од Хаг, и другите тројца водачи на ОВК негираа вина
Четворица поранешни лидери на ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Сељими и Кадри Весели – на кои им се суди пред Специјализираните совети во Хаг за воени злосторства, денеска во своите завршни зборови пред судскиот совет се изјаснија за невини и тврдеа дека обвиненијата на обвинителството против нив не се основани.
„Речиси три години во оваа сала ги слушавте обвиненијата на обвинителството. Ја слушнавте и вистината. Постои само една вистина. Јас сум целосно невин“, изјави Хашим Тачи, додавајќи дека жали за сите жртви без разлика на националноста.
Според Тачи, единствениот противник на него и на ОВК бил режимот на Милошевиќ.
„Да не беа интервенциите на НАТО-силите, Косово никогаш немаше да биде слободно и независно“, рече Тачи.
Неговата одбрана наведе дека најголемиот грев на судењето е ако се ветува многу, а се исполнува малку, истакнувајќи дека обвинителството е виновно за тоа, бидејќи ветило многу, а не презентирало ништо.
Вториот обвинет, Кадри Весели, изјави дека неговото семејство и тој „постојано биле изложени на прогон од српската држава“, а дека се вратил на Косово затоа што „не можел да остане рамнодушен кон страдањето што неговиот народ го доживувал“.
Весели истакна дека неговите постапки биле хумани и дека неговата совест е чиста.
Поранешниот лидер на ОВК, Реџеп Сељими, во завршниот збор рече дека „Србија никогаш не ги криела своите намери кон Албанците“.
„ОВК не беше создадена од желба, туку од нужда. За мене е најголема чест да бидам соборец на Адем Јашари. Да, носев оружје. Оружјето за нас беше преживување. ОВК немаше друга цел освен слободата. ОВК беше ослободителна војска“, изјави Сељими.
Јакуп Красниќи изјави дека не смета оти обвиненијата против него претставуваат правда.
„Целиот свет знае дека НАТО интервенираше поради кривичните дела извршени врз косовските Албанци. Без таа меѓународна интервенција немаше да ја имаме нашата слобода, но таа немаше да биде остварена ниту без ОВК“, рече Красниќи.
Поранешните лидери на ОВК се соочуваат со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Косово во периодот 1998–1999 година. Според обвинението, тие биле дел од „заеднички злосторнички потфат“.
Изнесувањето на завршните зборови во Хаг започна на 9 февруари. Главната обвинителка Ким Вест тогаш изјави дека сведочењата и доказите презентирани во текот на постапката потврдиле дека кривичните дела биле извршени и дека обвинетите се одговорни за нив. Таа побара Судот да ги прогласи обвинетите за виновни по сите 10 точки од обвинението и да им изрече единствени казни од по 45 години затвор.
Свет
Словачка прогласи вонредна состојба поради нафтата – Братислава го обвинува Киев за политички притисок
Словачкиот премиер, Роберт Фицo изјави дека транспортот на нафта преку Јадранскиот нафтовод (Јанаф) ќе биде пет пати поскап од транспортот преку нафтоводот „Дружба“, преку кој испораките не течеле повеќе од две недели.
По седница на владата, Словачка прогласи вонредна состојба во врска со снабдувањето со нафта и одлучи да ѝ даде на рафинеријата „Словнафт“ 250.000 тони нафта од државните резерви.
Фицо изјави дека транзитната такса преку Хрватска е повеќекратно повисока од онаа што се плаќа за „Дружба“ и предупреди дека ако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го запре протокот на нафта преку Украина, Словачка ќе плаќа повисоки цени „само затоа што Зеленски игра некои игри“.
Тој изрази сомнеж дека испораките се прекинати од политички причини и тврди дека, според словачки разузнавачки информации, оштетениот дел од нафтоводот е поправен и дека нафтата може да продолжи да тече без проблеми.
Фицо наведе дека ова го гледа и во контекст на изборите во Унгарија и оцени дека станува збор за огромен притисок врз премиерот Виктор Орбан.
Во меѓувреме, Унгарија одлучи да ги запре испораките на дизел гориво за Украина додека не се обнови транзитот преку „Дружба“. И Унгарија и Словачка се обратиле до Европската комисија за активирање механизам што би им овозможил увоз на руска сурова нафта по морски пат во случај на прекин на цевководните испораки.
Свет
Лавров до САД: Откажете се од плановите за поморска блокада на Куба
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ги повикала САД да се воздржат од воведување целосна поморска блокада на Куба и се заложи за решавање на разликите преку дијалог.
На средба со кубанскиот министер Бруно Родригез Париља, Лавров ја нарече Куба „братска нација“ и порача дека Вашингтон треба да покаже „здрав разум и одговорност“. Тој додаде дека Русија ги отфрла, како што рече, „неоснованите обвинувања“ дека руско-кубанската соработка претставува закана за американските интереси.
Москва соопшти дека прави сè што може за да ѝ помогне на Куба да се справи со американските притисоци околу снабдувањето со нафта, без да наведе детали. Се очекува Родригез да се сретне и со претседателот Владимир Путин.
Во меѓувреме, порталот Аксиос објави дека американскиот државен секретар Марко Рубио одржал тајни разговори со Раул Гиљермо Родригез Кастро, внук на поранешниот кубански лидер Раул Кастро.
Според Аксиос, разговорите биле опишани како „дискусии за иднината“, а не формални преговори. Ројтерс јавува дека не можел веднаш да го потврди извештајот, а Стејт департментот не одговорил на барањето за коментар.

